Рубрика: Астрономија и астронаутика
Следете го во живо првиот прелет на Орион над Месечината
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 21.11.2022 - 10:45

Пет дена по лансирањето на мисијата Артемида 1 работите засега се одвиваат според планираното – леталото Орион продолжува по својата траекторија кон Месечината и е на пат да го направи првиот прелет над површината на Месечината.

Контролорите на летот во вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон досега направија повеќе дополнителни снимки од Месечината со помош на оптичката навигациска камера. Собирањето слики на Земјата и Месечината во различни фази од летот и на различни растојанија треба да обезбеди дополнителни податоци за утврдување на ефикасноста на оваа алатка за одредување на точната локација при идните мисии при променливи услови на осветлување.

На вториот ден од 25,5-дневната мисија Артемида I, Орион ја искористи својата оптичка навигациска камера за да направи црно-бели фотографии од планетата Земја. Орион ја користи оптичката навигациска камера за снимање слики од Земјата и Месечината на различни фази и растојанија, обезбедувајќи подобрено тело на податоци за да се потврди нејзината ефикасност како метод за одредување на нејзината позиција во вселената за идни мисии под различни услови на осветлување.

Откако Орион ја направи потребната корекција на излезната траекторија активирајќи ги помошните погонски мотори во времетраење од 6 секунди, леталото се забрза и ја прилагоди патеката за пат кон Месечината. По ова вчера, неколку минути по 20 часот по македонско време, леталото влезе во лунарната сфера, со што сега главната гравитациска сила што дејствува на него е онаа на Месечината, наместо на Земјата. Во утринските и попладневните часови (по македонско време), Орион треба да го направи и четвртото кратко активирање на моторите за корекција на излезната траекторија што ќе му овозможда ја искористи силата од гравитацијата на Месечината и да го насочи кон далечната ретроградна орбита надвор од Месечината. На овој начин Орион ќе го направи првиот прелет над месечевата површина.

НАСА најави дека настаните од контролната соба за време на целиот маневар ќе бидата пренесувани во живо со почеток на преносот закажан во 13 часот по македонско време. Излезниот прелет ќе започне во 13 часот и 44 минути, а најблиското приближување на Орион до Месечината би требало да се случи во 13 часот и 57 минути, кога леталото ќе помине на висина од нешто помалку од 129 километри над површината на Месечината.

Инженерите веќе го активираа товарот Callisto – технолошка демонстрација на Lockheed Martin во соработка со Amazon и Cisco. Callisto ќе тестира технологија што се активира со глас и видео технологија која може да им помогне на идните астронаути во мисии во длабоката вселена.

Инженерите очекуваат да ја изгубат комуникацијата со вселенското летало во текот на 34 минути, почнувајќи од 13 часот и 26 минути, со оглед на тоа што Орион за тоа време ќе  се наоѓа ‘зад’ Месечината (од наша гледна точка). Терестријалната станица Голдстоун на НАСА треба да воспостави контакт со леталото веднаш штом тоа излезе од ‘сенката’ на подалечната страна на Месечината.

За тоа време во контролната соба ќе бидат присутни и два тима за решавање на аномалии –дел од стандардната процедура на припојување експертски технички тим којшто се фокусира на одредено прашање преку испитување на податоците, и што тие значат за работата на одреден систем. Нивното присиство им овозможува на инженерите и контролорите на летот да продолжат да се фокусираат на командување и следење на вселенското летало и проценка на напредокот на тестот за летот. Анализирањето на податоците за специфичните системи и разбирањето на нивното однесување за време на активен тест за летање додека хардверот е во опкружување во длабоката вселена треба да ги подобри операциите на мисијата на Артемида I и идните мисии.

Денешниот настан ќе може да го проследите и тука, на нашиот сајт

Досега Орион веќе измина пат од нешто повеќе од  380 000 километри од Земјата крстарејќи со брзина од нешто помалку од 600 километри на час. Целиот лет на Орион може да го следите во реално време преку веб-локацијата на Artemis Orbit тука.

Клучни зборови:
На вториот ден од 25,5-дневната мисија Артемида I, Орион ја искористи својата оптичка навигациска камера за да направи црно-бели фотографии од планетата Земја.

На вториот ден од 25,5-дневната мисија Артемида I, Орион ја искористи својата оптичка навигациска камера за да направи црно-бели фотографии од планетата Земја. Орион ја користи оптичката навигациска камера за снимање слики од Земјата и Месечината на различни фази и растојанија, обезбедувајќи подобрено тело на податоци за да се потврди нејзината ефикасност како метод за одредување на нејзината позиција во вселената за идни мисии под различни услови на осветлување.

Инженерите веќе го активираа товарот Callisto – технолошка демонстрација на Lockheed Martin во соработка со Amazon и Cisco.

Инженерите веќе го активираа товарот Callisto – технолошка демонстрација на Lockheed Martin во соработка со Amazon и Cisco. Callisto ќе тестира технологија што се активира со глас и видео технологија која може да им помогне на идните астронаути во мисии во длабоката вселена.