Рубрика: Енергетика
Електроцентрала на ветер Богословец крај Штип
Автор: Миле Кокотов
Објавено на 19.11.2022 - 16:30

Во време кога има глобален недостаток на енергија во светот, а цената на електричната енергија достигнува невидени вредности, еве една убава вест. На 15 километри од Штип, на падините од планината Богословец, крај селото Кадрифаково, во тек е изградба на ветерен парк, односно електрична централа за производство на електрична енергија од ветер.

Планирани се 8 турбини со вкупна агрегатна моќност од 36MW, што е доволно за снабдување на 20 000 семејства во следните 25 години, со „зелена“ електрична енергија добиена од ветер. Секоја од турбините има ротор со дијаметар на перките од 145 метри, поставени на носач чија висина е 103 метри. Дијаметарот на носачот е 4 метри.

На врвот од носачот, таму каде што се прицврстени перките, има контејнер со должина од 13 метри, ширина 4 метри и во него се наоѓа генераторот на електрична енергија. Сите елементи изгледаат импозантно, особено кога се гледаат од блиску.

Ветерната електроцентрала Богословец ќе придонесе кон намалување на eмисиите на јаглерод диоксид (CO2) за преку 87 илјади тони годишно.

Инвестицијата е малку над 60 милиони евра, а производството на првите количества електрична енергија е планирано со пуштањето во погон напролет 2023 година.

Клучни зборови:

Ова е најнискиот сегмет на носачот на турбината од вкупно 4 со еднакви должини (висини) и дијаметар

Сервисните скали за пристап до турбината во внатрешноста на еден од сегментите на цилиндричниот носач

Сервисните скали за пристап до турбината во внатрешноста на еден од сегментите на цилиндричниот носач

Зглобот што ги поврзува перките со турбината/генераторот

Зглобот што ги поврзува перките со турбината/генераторот

Генераторот на електрична енергија

Генераторот на електрична енергија

Елисите од ветерниците подготвени за монтажа

Елисите од ветерниците подготвени за монтажа

Поставувањето на ветерниците е веќе во тек

Поставувањето на ветерниците е веќе во тек

Фотограгфија од дрон при активностите за подготовка на армирано-бетонскиот фундамент за една од осумте турбини

Фотограгфија од дрон при активностите за подготовка на армирано-бетонскиот фундамент за една од осумте турбини

Бетонирањето на армирано-бетонскиот фундамент

Бетонирањето на армирано-бетонскиот фундамент