Заборавете ги паричниците – еве зошто плаќањето со мобилни телефони е поедноставно и побезбедно Повеќето од нас излегуваат од дома со три предмети – клучеви, паричник и смартфон. Но, за одење во продавница, ова трио е дополнително поедноставено со развојот на дигиталните плаќања, па поради истото за купување денес ви се потребни само клучеви и паметен телефон . Како што, според некои истражувања, една четвртина од времето додека сме будни го поминуваме на телефоните, не е изненадување што употребата на мобилните телефони за плаќање, станува сè популарна во целиот свет.