Деновиве, поточно на 23 јули, во јавноста беше објавена жална вест – познатиот физичар-теоретичар Стивен Вајнберг (Steven Weinberg) почина во 88 години од неговиот живот. Тој беше еминентен научник познат по неговиот голем научен придонес во дополнувањето и разјаснувањето на Стандардниот модел на субатомските честички, по неговата работа на полето на теоријата на квантното поле, гравитацијата, суперсиметријата, суперструните и космологијата, како и на теоријата наречена Техниколор. Покрај ова беше и популаризатор на научната мисла, објавувајќи повеќе научно-популарни книги.