Во САД, во последниве години се случија многу временски непогоди кои предизвикаа сериозни катастрофи, како на пример пожари, поплави, циклони и слично. Кога во тие катастрофи ќе исчезне постоечката инфраструктура, која толку многу од нас ја земаат здраво за готово, се поставува прашањето како да се организираме себеси и нашите заедници за соодветен одговор. Во јавноста провејува мислење дека неодамнешните еколошки катастрофи докажаа нешто, а тоа е несоодветност на постојните модели и алатки за да се обезбеди ефикасно распределување на ресурсите, пристап до итни комуникации и ефективна координација на човечките напори. Значи треба да се бараат решенија што се надвор од официјалната мрежа, лесно достапни, сигурни, широко распоредени и отворено дизајнирани. Едно од можните решенија е комуникациска мрежа којашто е приспособлива на катастрофи и напојувана од сончева енергија.