Цената на криптовалутите на светскиот пазар покажа мал пораст. Според податоците достапни утрово на страницата Коиндеск, биткоинот се тргува по цена од 32 457 американски долари, што значи дека бележи скок од 1,37% во последните 24 часа. Етериумот, втората најбарана криптовалута, исто така покажа нагорен тренд. Според податоците достапни утринава неговата цена изнесува 1954 американски долари, што претставува скок од 2,56% за последниве 24 часа.