Веќе долго време ефективниот репродукциски број Rt стои над единица и дневните броеви на нови случаи забрзуваат со растот (на дијаграмот на втората слика). Покрај стандардните Тетово и Скопје, од вчера избувна и во Куманово, а полека се загреваат и Гостивар, Охрид, Прилеп и Струмица. Ваков раст немавме минатото лето, но да не заборавиме, сега го имаме Делта сојот!