Ако сакаме да колонизираме друг свет, изнаоѓањето планета со гравитациско поле во кое луѓето ќе можат да преживеат и да напредуваат ќе биде од клучно значење. Ако гравитацијата е пресилна, сета крв би ни се повлечкла во нозете, нашите коски би се скршиле и ќе би останале приковани за тлото. Пронаоѓањето на граничната гравитација што човечкото тело може да ја толерира е нешто што е мора да се направи пред да слетаме на нова планета. Тројца физичари тврдат дека максималното гравитациско поле во кое луѓето би можеле да го преживеат долгорочно е четири и пол пати повеќе од гравитацијата на Земјата. Односно, толку би можеле да истрпите ако сте некој од Исландските дивови – или чудовиште од „Игра на тронови“ – кое може да шета наоколу со повеќе од половина тон тежина на грб. За обичните луѓе оваа бројка е помала..
За да ја откријат најголемата гравитациска сила под којашто еден просечен човек може да функционира, Никола Пољак и неговите колеги од Универзитетот во Загреб, најнапред ја пресметале максималната сила на компресија за човечката коска. Врз основа на просечната коска од цицач, тие процениле дека човечкиот скелет може да издржи гравитациска сила повеќе од 90 пати поголема од гравитацијата на Земјата. Но, ова е максималната сила ако тој стои во место. Кога би почнале да трчаме, стресот што би го трепеле нашите коски – додека се виткаат и превиткуваат – се зголемува за десетина пати. Ова значи дека би можеле да трчаме на планета со гравитациско поле околу десет пати посилно од она на Земјата пред нашите коски да почнат да пукаат.
За одредување на максималната гравитација при која можеме да одиме, тимот ги направил пресметките според исладскиот див Јулиус Бјорнсон, кој успеа да изоди пет чекори носејќи товар од 640 кг на грб (поточно огромен трупец), и соборувајќи го рекордот стар 1000 години. Пољак вели дека подвигот на Бјорнсон е добра споредба, затоа што оптоварувањето на нозете и мускулите во силно гравитационо поле е речиси исто како при носење голема тежина на рамената. Врз основа на тежината на Бјорнсон – и тежината на тој трупецот – Пољак проценува дека Бјорнсон, сепак, би можел да направи неколку чекори на егзопланета со гравитациско поле околу 4,6 пати посилно од нашето. Но, Бјорнсон – кого можеби го познавате како Сер Грегор „Планината“ Клеган од ТВ серијата „Игра на тронови“ – е далеку од просечен човек. Со висина од 2,06 m, и тежина од повеќе од 180 kg, тој а во 2018 година стана првиот спортист кој победил на натпреварите Arnold Strongman Classic, Најсилниот човек во Европа и Најсилниот човек на светот во истата година.
Но нека ништо не нè спречува
Пољак и неговите колеги проценуваат дека максимумот за просечен човек е егзопланета со 3 до 4 пати појака гравитација – но, и тогаш на "космонаутите" ќе им треба ригорозен тренинг за да ја зголемат нивната мускулна сила на ниво на онаа од еден елитен спортист. Пољак се надева дека неговиот труд ќе помогне во фокусирањето на нашата потрага по егзопланета погодна за живеење. „Сега знаеме дека нема шанси да се населиме на планети со многу пати појака гравитација“, вели тој.
Многу од досега пронајдените карпести егзопланети се многу поголеми од нашата планета. Астрономите ги нарекуваат супер-Земји. Тешко е со сигурност да се каже каква е гравитацијата на друг свет без да се оди таму, бидејќи густината може да варира од планета до планета, но не е потребно многу за масата на планетата да се зголеми. Волуменот се зголемува како куб (^3), а површината како квадрат (^2), па дури и малку поголема планета би имала многу посилна гравитација.
Во моментов има 3605 потврдени егзопланети, од кои 594 имаат познати радиуси и маси кои се потребни за да се одреди нивната гравитација. Според пресметките на Пољак, 422 од нив имаат гравитационо поле еднакво или под 3,5 пати од Земјиното.
Што се однесува до „силниот човек“ Бјорнсон, има уште околу 35 егзопланети на кои тој би можел да направи неколку чекори.
Превод: Христијан Петрески
Извор: astronomija.mk