Рубрика: Психологија
Кажи ми што пиеш и ќе ти кажам каков си?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 13.03.2023 - 12:45

Многу наши навидум незначајни избори откриваат поприлично за нас како личност. Психолозите веќе претходно открија дека оние кои посвојуваат куче имаат поинаква личност од оние кои сакаат мачки, па дури и претпочитањето на една раса наспроти многу други открива детали за личноста. Истото важи и за друштвените игри – оние кои уживаат во играњето “Monopoly” имаат различен карактер од оние кои претпочитаат да играат “Човече не лути се”. A сега, на ред дојде и вкусот за вино. Се чини дека и она што претпочитаме да го налееме во нашата чаша открива многу за тоа кои сме.

Истражувањето било спроведено од страна универзитетите во Верона и Мачерата, а во него биле опфатени околу 1200 луѓе на возраст помеѓу 18 и 87 години. За сите нив научниците изработиле своевиден попис на големите пет – Big Five Inventory, тест кој ги истражува петте основни димензии на личноста: екстровертност, пријателство (љубезност, емпатија, кооперативен став), емоционална стабилност, совесност и слободоумност. А потоа, истражувачите побарале од испитаниците да им ги откријат нивните омилени вина.

Се испоставило дека емоционално стабилните ‘пијачи’ може да ги ценат црвените вина со полно тело, како што се Syrah или Cabernet Sauvignon, и дека поседувањето отворен ум може да поттикне преферирање вина со постојан вкус и богати со танини (полифеноли, присутни во повисоки концентрации на неиполифеноли, што во поголеми количини ги има во црвените вина и кај вината што даваат чувство на опорост во устата). Конечно, екстровертите имаат тенденција да претпочитаат кисели вина, како вина од типот Шампањ или Кјанти, но можат да ги сакаат и таничните. Конечно, пријателските луѓе претпочитале вина со висока содржина на алкохол. Истражувањата покажале дека совесноста, сама за себе, не била поврзана со пристрасност кон одреден тип на вино.

Дали се пронајдовте некаде во описите?

Клучни зборови: