Рубрика: Информатика
YouTube го деблокира профилот на Доналд Трамп
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 23.03.2023 - 15:45

По двегодишна суспензија, YouTube му ја врати сметката на Доналд Трамп. На поранешниот американски претседател му беше забрането да поставува снимки на мрежата во јануари 2021 година. YouTube се реши  да ја врати сметката откако неодамна тоа го направија Мета и Твитер.

За потсетување, Трамп беше казнет со блокирање на сметката бидејќи неговиот официјален канал „ги прекршил правилата за поттикнување насилство.

Почнувајќи од денеска, каналот на Доналд Трамп повеќе не е блокиран и може да прикачува нова содржина“, се вели во соопштението на YouTube. „Внимателно ги проценивме ризиците, земајќи предвид гласачите да имаат еднаква можност да ги слушнат сите главни кандидати на претстојните избори“, објаснуваат од  YouTube.

Од YouTube посочуваат дека во иднина ќе следат какви содржини се објавуваат на каналот.

 

Клучни зборови: