Аудио и видеотехника
Како што веќе пишувавме, за денес напладне е закажана промоцијата на лимитираната едиција на звучници, кои Теохаров Аудио ги креираше во соработка со гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски. Овој врвен македонски производ својата светска премиера ја доживува во рамките на хрватскиот фестивал Too Loud Fest 2021, најголемиот музичко-визуелен настан во Хрватска. Преносот од настанот е закажан за 12 и 30 а а може да го проследите тука, на нашиот веб портал.
Објавено на 17.10.2021 - 12:15

Медицина
Во неделата од 8.10 до 14.10.2021, сосема очекувано, продолжи да расте учеството на вакцинираните кај новодијагностицираните (портокаловата линија на првиот дијаграм), како што расте опфатот со вакцинација кај населението (портокаловата линија на вториот дијаграм). Кај смртните случаи има поголема варијабилност, но исто така трендот е генерално нагорен.
Објавено на 16.10.2021 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Од гледањето во оваа фотографија може да почувствувате вртоглавица. Оваа фотографија на неделата го доловува одеднаш целото ноќно небо – и на северната и на јужната хемисфера – во една волшебна слика, којашто е невозможно да ја искусите во реалниот живот.
Објавено на 15.10.2021 - 17:00

Аудио и видеотехника
И годинава Теохаров Аудио е дел од излагачите на најголемиот музичко-визуелен настан во Хрватска – Too Loud Fest 2021, којшто се одржува во Загреб.
Објавено на 14.10.2021 - 13:45

Астрономија и астронаутика
По едно одлагање, вчера, поради лоши временски услови, денес конечно ќе се реализира вториот вселенски лет со човечки екипаж на Блу Ориџин до вселената. А со овој лет, барем за неколку минути, во вселената ќе се најде и Вилијам Шетнер, ака капетанот Џејм Т. Кирк од “Ѕвездените патеки”. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо...
Објавено на 13.10.2021 - 13:15

Индустриски дизајн
Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по 42-ри пат ја организираат Меѓународната изложба МАКИНОВА на која се изложуваат пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво. Изложбата МАКИНОВА 2021 ќе биде придружена со изложбата ЕКОНОВА 2021. Инаку изложбата на еколошки иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина, се организира по 19-ти пат.
Објавено на 13.10.2021 - 12:15

Информатика
Ви ја проследуваме најтазе состојбата на пазарот со криптовалути.
Објавено на 12.10.2021 - 14:15

Медицина
На подолните дијаграми можеме да видиме како со текот на времето се менувало учеството на вакцинираните кај дијагностицираните и починатите (на првиот дијаграм), опфатот со вакцинација кај полнолетните и постарите од 60 години (на вториот дијаграм), ефективноста на вакцините против заразување и смртен исход (на третиот дијаграм) и промената на бројот на вакцинираните и невакцинираните во вкупната популација (на четвртиот дијаграм).
Објавено на 09.10.2021 - 16:15

Омнибус
Четири млади девојки и едно момче од Охрид, студенти на возраст од 21 до 23 години од тимот TeamySeed се победниците на националниот хакатон одржан кои вчера во рамки на националното финале на натпреварот го презентираа своето решение за одгледување зеленчук во вселената. Со оваа апликација тие ја освоија главната национална награда – патување во Вселенскиот центар Кенеди (Kennedy Space Centar) на Наса, при што ќе имаат можност да присуствуваат и на лансирањето на ракета, планирано за почетокот на 2022 година. Покрај ова, заедно со второпласираниот тим AstriX се во конкуренција и за глобалната награда од NASA, чијшто победник ќе го селектира специјално жири од оваа агенција во периодот од 20 октомври до 30 ноември, по што ќе бидат прогласени и десетте глобални победници.
Објавено на 09.10.2021 - 13:45

Математика
Постојат многу појави со исход „сé или ништо“, на пример положил/паднал на испит, се разболел/не се разболел, умрел/преживеал, колата издржала/се расипала итн. Иако исходот е бинарен („сé или ништо“), веројатноста за негово настанување може да зависи од некоја континуирана променлива. Ќе разгледаме три примери.
Објавено на 08.10.2021 - 13:30

Pages