Интернетот внесе промена во начинот на којшто ги следиме работите – читаме весници онлајн, купуваме книги, исто онлајн, симнуваме музика, гледаме серии филмови сè онлајн. Пандемијата, само ги забрза и дополни овие нови начини на комуникација. Така, недостатокот од реално кино дополнително ја популаризираше употребата на т.н. стриминг сервиси – Нетфликс влезе во секој дом. На овие сервиси ретко може да се најдат содржини со македонски јазик, а уште помалку од македонска продукција. Но, од денес работите се менуваат. Пристигнува GLEY – првата македонска национална стриминг платформа, а нивниот слоган – GLEY што сакаш, кога сакаш, колку сакаш – ги истакнува токму новите гледачки навики на публиката.