Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА детектираше столб од водена пареа исфрлен од сатурновата месечина Енцелад, кој се протегал во должина од преку 9600 километри, должина приближно еднаква на три четвртини од дијаметарот на Земјата.
Оваа емисија на вода, којашто е досега најшироката забележана, ќе го “потхрани” целиот систем на Сатурновите прстени. Месечината Енцелад, океански свет со дијаметар од само 500 километри, е меѓу највозбудливите цели за научни истражувања во нашиот Сончев Систем во потрагата по живот надвор од Земјата.
На оваа слика, вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА 'фати' млаз од водена пареа што потекнува од јужниот пол на месечината на Сатурн, Енцелад. Млазот се протега во должина 20 пати поголема од големината на самата Месечина. Вметната слика направена од орбитерот Касини, нагласува колку е мал Енцелад на сликата добиена со JWST во споредба со водениот столб. Credits: NASA, ESA, CSA, STScI, and G. Villanueva (NASA’s Goddard Space Flight Center). Image Processing: A. Pagan (STScI).
Помеѓу надворешната замрзната кора и карпестото јадро на месечината постои огромен резервоар со солена вода, вистински океан што може да содржи едноставни форми на живот. Покрај тоа, овој чуден свет има вулкани слични на гејзери кои испуштаат млазеви од ледена прашина, составена од водена пареа и органски соединенија.
Во овој модел на гезер кој извира од Енцелад, температурите се изразени Келвинови степени (К): 0K е еквивалентно на апсолутна нула (-273,15°C), 77 K изнесуваат околу -196°C, додека 273K се приближно еднакви на 0°C.
Овие „вулкани“ се позиционирани на пукнатините на површината од месечината, а особено присутни и видливи се на Јужниот пол на Енцелад во вид на формацијата позната како „тигрови нокти“. Испуштањето на слични млазеви и претходно беше забележано, пред сè од мисијата Касини на ЕСА/НАСА, но чувствителноста на инструментите на Веб открива сосема нова приказна.
Должината на исфрлениот млаз, 20 пати поголема од пречникот на самиот Енцелад, иако импресивна не е единствената карактеристика што ги импресионира истражувачите. Тука е и брзината со која блика водената пареа – околу 300 литри во секунда! Сето ова создава ефекти што ги заинтригирале научниците.
Имено, орбитата на Енцелад околу Сатурн е релативно брза, само 33 часа. На нејзиниот пат околу планетата, Месечината преку нејзините млазеви практично постојано исфрла вода, оставајќи зад себе ореол, налик на “крофна” од пареа. Оваа заматена водена “крофна” се наоѓа во склоп на најоддалечениот и најширок прстен на Сатурн, прстенот Е. Набљудувањата од телскопот Џејмс Веб директно демонстрираат како водената пареа од Месечината ја храни „крофната“.
На оваа слика, инструментите на вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА откриваат детали за тоа како една од месечината на Сатурн го храни целиот систем на планетата со прстени. Новите снимки добиени од иструментот NIRSpec (Near-Infrared Spectrograph) на JWST открија столб од водена пареа што истекува од јужниот пол на Енцелад, кој се протега во должина повеќе од 20 пати поголема од големината на самата месечина. Интегралната теренска единица (IFU) на NIRSpec, исто така, даде увид за тоа како водата од Енцелад го храни остатокот од околината. Credits: NASA, ESA, CSA, STScI, Leah Hustak (STScI)
Анализирајќи ги податоците на Веб, астрономите утврдиле дека околу 30 % од водата останува во овој дел, додека преостанатите 70% „бегаат“ и го потхрануваат остатокот од системот на прстени на Сатурн. Во наредните години, Веб ќе послужи како главна алатка за набудување на водената месечина Енцелад, а откритијата на Веб ќе помогнат во подобро структурирање на идните мисии што ќе се обидат да ја истражат длабочината на океанот под нејзината површина, мерејќи ја густината на ледената кора, но и многу повеќе.