Во ноќта помеѓу 29 и 30 мај (по македонско време), Кина лансираше тројца астронаути кон својата вселенска станица. Совршено изведеното лансирање на ракетата Долг марш 2Ф (Long March 2F) ја „зголеми“ популацијата на човечки суштества присутни во моментов во вселената. Сега во орбитата на Земјата истпвремено се присутни рекорден број од 17 луѓе: шестмина кинески државјани, пет американци, тројца руси, двајца саудијци и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати.
Со пристигнувањето на тајконаутите Џинг Хаипенг (првиот кинески астронаут кој досега 4 пати летал во вселената), Жу Јангжу и Гаи Хаичао, беше срушен претходниот рекорд кој изнесуваше 14 луѓе во орбитата на Земјата во исто време.
Тричлениот екипаж се искачи на своите места во вселенското летало Шенџоу 16 само неколку часа по полетувањето од базата за лансирање Џиукуан, воен објект во пустината Гоби во северозападна Кина.
Екипажите на Шенжу 15 и Шенжу 16 се споија на вселенската станица Тиангонг
Лансирањето се случи во 3 часот 31 минута и 10 секунди во вторникот, на 30 јуни, по македонско време. Неколку моменти подоцна, ракетата висока 58 метри се упати кон исток, усогласувајќи се со патеката на летот на вселенската станица Тиангонг. Ракетата Долг Марш 2Ф најпрво ги отфрли четирите помошни ракети (бустери), а потоа и првиот степен приближно две и пол минути во мисијата. Потоа се вклучи моторот од вториот степен кој даде дополнително забрзување на вселенското летало Шенжу 16 и овозможи тоа да влезе во орбитата. Леталото потоа неколку минути откако леталото се одвои од ракетата носач, тоа ги отвори сончевите панели кои му овозможуваат да произведе енергија.
Тимовите на земја објавија дека лансирањето и влегувањето во орбитата биле совршени, добар почеток за 11-тата кинеска вселенска мисија со човечки екипаж и петта за вселенската станица Тиангонг. На орбиталната станица тројцата тајконаути ги пречеаа нивните тројца колеги кои живеат и работат станицата Тиангонг уште од ноември, а кои се очекува да се вратат на Земјата со нивниот вселенски брод Шенжу 15 за неколку недели.
Според Лин Ксикианг, заменик директор на Кинеската вселенска агенција за летови со екипаж (China Manned Space Agency – CMSA), кој зборуваше непосредно пред заминувањето на новиот екипаж во нивната вселенска станица, Кина планира да испрати астронаути на Месечината пред 2030 година. Официјалниот претставник на CMSA рече дека Кина неодамна ја започнала „фазата на слетување“ на својата програма за човечко истражување на Месечината, спроведувајќи ги поврзаните фази на истражување и развој потребни за поставување луѓе на Месечината со луѓето, вклучително и изградба на нова локација за лансирање, ракета за транспорт на екипажот, развој на лендер за Месечината, па дури и потребните костуми што месечевите тајконаути треба да ги користат на Месечината.
Како што објаснува Лин Ксичијанг, „новата ракета-носач Долг Марш 10, вселенското летало за екипаж од новата генерација, лендерот на Месечината, лунарниот костум и другите логистички предмети потребни за вселенските летови, веќе се во изградба, исто како и изградбата на нова локација за лансирање и тестови на сродни објекти.”