Во Битола растот на дневниот број на новодијагностицирани станува веќе видлив и со голо око. Седумдневната подвижна средина (зелената линија на првиот дијаграм), после минимумот постигнат на 14.3.2022, од просечно 14,3 случаи дневно веќе порасна на 18,3 случаи дневно. Апсолутните бројки се мали, но процентуалното зголемување не е мало, а тоа се гледа и од ефективниот репродукциски број Rt за Битола, којшто последиве 7 дена изнесува 1,20.