Едно истражување, спроведено неодамна, открива дека имуните клетки можат да се најдат и на неочекувани места, а нивното присуство таму не носи ништо добро. Имено, како што пишува во трудот објавен во Nature, Т-клетки биле пронајдени во мозокот на постарите глувци, а нивното однесување на оваа локација укажува на можната поврзаност на овие клетки со процесите на стареењето.