Доматот е една од најомилените намирници во светот, а особено кај нас во Македонија. Она што го прави ова овошје уникатно не е само неговиот вкус, туку и неговите хранливи својства, изобилството на антиоксиданси, витамини и други скапоцени хранливи материи. Но, тоа не е сѐ! Според една нова студија, ова овошје преправено во зеленчук може да „убие“ некои сериозни цревни бактериски инфекции.