Психологија
Една американска студија покажа дека кучињата од засолништата кои во нивниот бокс се сместени со добро избран придружник се помалку под стрес и побрзо се посвојуваат отколку кучињата кои се сместени сами.
Објавено на 13.06.2024 - 18:45

Архитектура и градежништво
Дали е на повидок нов градежен тренд инспириран од животинскиот свет? Асоцијацијата на прв поглед се чини претерана, но изградбата на објекти со намерно проектирани структурни слабости може да помогне да се спречи катастрофален колапс во случај на земјотрес – иновација инспирирана од „слабите точки“ во опашката на гуштерот што тој намерно ја отфрла за да се спаси од предатори.
Објавено на 13.06.2024 - 14:00

Наутика
Речиси една година по несреќата на подморницата Титан, американскиот милијардер Лери Конор започна нов предизвик со цел приватно истражување на потонатите остатоци од Титаник, познатиот прекуокеански брод што потона во близина на канадскиот брег по судир со санта мраз во ноќта на 14 април 1912 година.
Објавено на 12.06.2024 - 16:00

Екологија
Еден медицински тим – широка соработка на повеќе универзитети во Кина, во нивниот труд што ќе биде објавен во Science of the Total Environment, известува дека откриле различни видови на микропластика во секој од примероците на семена течност собрана од вкупно 40 мажи избрани од општата популација.
Објавено на 12.06.2024 - 13:00

Медицина
Во првото клиничко испитување за примена на генска терапија за двете уши кај едно лице се постигнати неверојатни резултати. На 5 деца родени со форма на вродена глувост им бил вратен слухот. Две од децата дури се стекнаа можност да уживаат во музика.
Објавено на 11.06.2024 - 18:30

Биологија
Според една нова студија, објавена деновиве во Nature Ecology & Evolution, дивите африкански слонови од саваните, поточно видот Loxodonta africana, сосема извесно разговараат меѓу себе обраќајќи си се едни кон други исто како што тоа го прават луѓето – користејќи лични „имиња“.
Објавено на 11.06.2024 - 15:30

Информатика
Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, организира настан на тема Game Design. Се работи за втор настан во низата организирана во склоп на MGI Meetups Presents бесплатни настани посветени на сегменти од развивањето на видео игри.
Објавено на 10.06.2024 - 17:45

Информатика
Можеби сè уште не сме сфатиле, но интернетот можеби е мртов. Според една нова теорија, интернетот и социјалните мрежи повеќе не постојат – тие се заменети со содржина генерирана од вештачка интелигенција и лажни кориснички сметки на социјалните мрежи, кои манипулираат со јавното мислење. Вака работите ги објаснуваат група австралиски компјутерски инженери од Универзитетите во Сиднеј и Мелбурн, постулатори на теоријата позната како Теорија на мртов интернет (англ. Dead Internet Theory).
Објавено на 10.06.2024 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Вселенското летало Старлајнер (Starliner) на Боинг, кое во моментов е закачено за Меѓународната вселенска станица, пред докингот забележа две истекувања од хелиум. И покрај ова, засега се смета дека ситуацијата е стабилна и не загрижува.
Објавено на 07.06.2024 - 14:00

Астрономија и астронаутика
Тестот на вселенското летало Ѕвезден брод (Starship) на Спејс Екс (SpaceX) беше успешен – фазата на контролирано повторно влегување во атмосферата за бустерот помина совршено, а и остатокот од мисијата беше подеднакво задоволителен. Овој четврти пробен лет на системот, спроведен вчера, претставува огромен скок за компанијата на Маск
Објавено на 07.06.2024 - 13:30

Pages