Рубрика: Енергетика
Напојување на напредокот – Енергетска конференција на Југоисточна Европа 2024
Објавено на 03.12.2024 - 14:15

Со преку 2500 регистрирани присутни досега, Конференцијата за енергетика на Југоисточна Европа 2024 треба да заземе централно место, обединувајќи ги експертите, индустриските професионалци и лидерите во енергетскиот сектор од регионот но и пошироко. Домаќин на овој значаен настан што ќе се одржи од 4 до 5 декември на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), во Скопје, е Меѓународната организација за дигитален развој на трафостаници (International Organization for Substations Digital Development).

Што може да очекувате од настанов? Експертски дискусии за напредокот во доменот на енергетските трансформатори, ротирачките машини, заштитата и SCADA, за напредокот во доменот на обновливи системи за паметни мрежи, опремата за трафостаници, кабли и надземни водови. Сите сесии се чисто технички, модерирани од универзитетски професори и не се спонзорирани. Притоа сите професионалци учествуваат без компаниски врски.

Организаторите назначија дека публиката исто така може и однапред да постави прашање за конкретен проблем со кој се соочиле и може да очекува дека ќе добијат одговор од некој од панелистите кој има знаења за релевантната проблематика.

Сите учесници на конференцијата освен презентација ќе можат да добијат и инсталација на бесплатниот иновативен софтвер за трафостаници на Меѓународната организација за дигитален развој на трафостаници. Оваа најсовремена алатка го револуционизира мониторингот, дијагностиката и одржувањето на мрежата, овозможувајќи им на енергетските оператори да ја подобрат ефикасноста, доверливоста и да ги намалат трошоците.

Повеќе за софвтверот може да дознаете од следнава видеопрезентација

Конференцијата е отворена за сите професионалци од енергетиката и сродните сектори, а присуство на лице место достапни се и опции за виртуелно  учество. За повеќе детали околу регистрацијата, посетете ја страницата за настанот на LinkedIn.

За организаторот:
Конференцијата за енергетика во Југоисточна Европа ја организира Меѓународната организација за дигитален развој на трафостаници, клучен играч во унапредувањето на модернизацијата и дигитализацијата на трафостаниците ширум светот. Организацијата е посветена на поттикнување на иновациите, соработката и одржливоста во глобалниот енергетски сектор

 

--- промотивна објава ---

Клучни зборови: