Телекомуникации
Деновите на „airplane mode“ се чини дека се одбројани, иако сосема веројатно иконата со приказ на авион на нашите паметни телефони и понатаму ќе биде корисна, особено надвор од Европа. Ако не сте дознале досега, на 24 ноември 2022 година Европската комисија даде зелено светло за употреба на уредите поврзани на интернет (а со тоа и паметните телефони, паметните часовници, таблетите и лаптопите) за целото времетраење на летовите. Со ова се ажурира стариот закон од 2008 година, а земјите членки добија рок до 30 јуни 2023 година за додела на фреквенции од 5G опсегот на авионите.
Објавено на 09.05.2023 - 13:15

Омнибус
Саемот на книгата што традиционално го имаме секоја пролет е во полн ек. Како што веќе пишавме, најавени беа мноштво промоции на белетристички дела од македонски и странски автори, намалени цени итн. Сега да разгледаме како стојат работите со присуството на стручна и научно-популарна литература во саемската понуда.
Објавено на 08.05.2023 - 14:15

Информатика
Можеби, на пример, сте претпоставувале дека роботот нема да може да го „види“ тој квадрат и затоа воопшто нема да може да кликне на него, и дека тоа е целата филозофија зад оваа проверка, но тоа не е случај. Сите со години го чекираме познатиот квадрат кој на многу страници е со натпис „Јас не сум робот“ и не размислуваме премногу за тоа која е всушност неговата функција.
Објавено на 08.05.2023 - 12:15

Омнибус
Во време кога политичките напирања се во однос на македонскиот јазик, дали е признаен или не или пак дали е заштитен или не, како и усвоениот нов Закон за употреба на македонскиот јазик од страна на Владата и проследен до Собранието, Институтот за развој на електронските комуникации – ИНРЕКОМ, спроведе анализа на состојбата со странските ТВ канали и платформи кои нудат видеа на барање, како и истражување на перцепциите на корисниците, со цел да се види дали и колку македонскиот јазик е доволно застапен на странските телевизиски канали и платформи за да биде заштитен.
Објавено на 05.05.2023 - 17:30

Електротехника
Средното електротехничко училиште “Михајло Пупин” Скопје“ и оваа година традиционално ја организираше активноста "Денови на електротехниката” на која учество зедоа Вкупно 66 ученици од 22 училишта од цела Македонија, кои се натпреваруваа на тема електротехника по предметот физика.
Објавено на 05.05.2023 - 16:30

Историја и археологија
Вчера во МАНУ беше промовиран зборникот научни трудови “150 години од раѓањето на Гоце Делчев” со најновите сознанија за ликот, делото и споменот на еден од најголемите македонски синови кои оставиле длабок белег во македонската историја – Гоце Делчев. Зборникот дава преглед на научните трудови од истоимената научна конференција одржана на 3 и 4 мај 2022 година. Промоцијата на печатеното издание на зборникот ја заокружува годината посветена на Гоце, како што беше прогласена изминатата 2022 година во која се навршија 150 години од неговото раѓање, а се случува на денот кога изминуваат точно 120 години од неговата погибија во село Баница.
Објавено на 05.05.2023 - 15:15

Омнибус
Оваа сабота, 6 мај, од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Факултетското студентско собрание при ФЕИТ ги покануваат сите средношколци, но и сегашни студенти, на дружење во дворот на техничкиот кампус и запознавање со можностите што ги нуди и отвора студирањето на овој факултет.
Објавено на 04.05.2023 - 15:30

Омнибус
Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во населбата Илинден опреми уште еден нов кабинет за потребите на учениците по предметот програмирање, уредување на веб страни, автоматика, мултимедија, како и за потребите на останатите стручни предмети.
Објавено на 03.05.2023 - 17:45

Омнибус
Утре официјално започнува Саемот на книгата, можеби најголемиот настан во Македонија чијашто основна цел е промоција на една од најкорисните навики, читањето – читањето како сублимирана размена на информации, како пренос на мисли низ времето и просторот, како влезница во нов свет, читањето како орудие, што ако правилно се примени, придонесува за развој на синаптичките мозочни врски и способноста за критичко размислување. Што ни носи ова јубилејно 35 издание на Саемот на книгата? Како што е најавено, освен понуда на книги по популарни саемски цени, организаторите ветуваат и моштво промоции на нови дела како од домашни така и од странски автори.
Објавено на 03.05.2023 - 16:00

Омнибус
Се проценува дека вкупниот промет на е-трговија во Италија изнесувал 75,89 милијарди евра во 2022 година. Ова е раст од 18,6 отсто, во споредба со една година порано. Сепак, најголемиот дел од тој раст беше предизвикан од поскапувањата.
Објавено на 03.05.2023 - 12:00

Pages