Наутика
Остатоците од батискафот „Титан“ на океанското дно близу Њуфаундленд потврдуваат дека катастрофата се случила поради разурнување од имплозија на структурата на батискафот. Што претставува и како настанува имплозијата? Да се послужиме со еден едноставен и секојдневен пример. Ако земеме пластично шише и од него го извлечеме воздухот, тогаш шишето ефективно го товариме со надворешниот, атмосферски притисок на воздухот. Ова претставува спротивен случај на оптоварувањето со внатрешен притисок на гас кај резервоарите.
Објавено на 23.06.2023 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Фотографија направена ноќта помеѓу 19 и 20 јуни.
Велат дека природата е најдобриот и најкреативниот уметник кој го создал целиот Универзум. Ноќното небо исполнето милијарди галаксии и уште повеќе ѕвезди е само една потврда за тоа. Погледот го одзема здивот. На фотографиите и видеото е само еден дел од таа прекрасна небесна убавината на ноќното небо над Штип. Уживајте...
Објавено на 23.06.2023 - 14:15

Енергетика
Рекреативниот центар Егзмут (Exmouth Leisure Centre), во југозападниот дел на Англија, користи мошне интересна иновација што му помага да ги намали сметките за греење на нивниот затворен базен. Имено, рекреативниот центар ја користи топлината што ја емитуваат серверите од малиот податочен центар сместен на оваа локација како извор за греење на водата во базенот.
Објавено на 23.06.2023 - 13:00

Информатика
Алката што недостасува во сечиј студентски живот! БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија), по 18 пат го организира Летниот академски курс. Овој настан, кој што прерасна во децениска традиција, е синоним за врвно студентско комплементарно образование, стручно доусовршување, но и интеркултурно запознавање со млади луѓе од сите краеви на Европа.
Објавено на 22.06.2023 - 14:30

Омнибус
Најголемата германска издавачка куќа Аксел Спрингер, која меѓу другото го издава и таблоидот Билд, најави масовни отпуштања и делумна замена на отпуштените работници со вештачка интелигенција, пренесуваат германските медиуми.
Објавено на 22.06.2023 - 11:00

Математика
Ако вонземјаните ни испратат порака, новиот математички пристап би можел да го открие бројот и големината на димензиите на пораката.
Една од најпознатите пораки што некогаш биле испратени во вселената претставува низа од 1679 бита испратени од радиотелескопот Аресибо во 1974 година. Но, ако Е.Т. ни испрати ваква низа, како ние Земјаните воопшто би можеле да започнеме да ја декодираме? Еден нов математички пристап предлага како тоа може да се изведе.
Објавено на 21.06.2023 - 18:45

Наутика
Тимови од целиот свет беа во трка со времето во обидите да се лоцира мини-подморницата и нејзиниот петчлен екипаж пред тие да останат без кислород.
Спасувачите, кои се обидуваат да ја пронајдат мини-подморницата што исчезна попат при обидот да го посети потонатиот брод Титаник, се соочуваат со огромна задача што ги тестира границите на техничкото знаење – со само мошне мали шанси за успех, велат експертите.
Објавено на 21.06.2023 - 12:15

Геологија
Земјата изгубила толку подземна вода наменета за згаснување на жедта на луѓето што тоа оставило мерлива трага во наклонот на оската на ротација на планетата. Имено, исцрпувањето на подземните акумулации од страна на човекот ја променило глобалната дистрибуција на вода толку многу што Северниот пол се поместува за повеќе од 4 сантиметри годишно.
Објавено на 20.06.2023 - 13:30

Метеорологија
Облаците со боја на виножито се колку спектакуларен, толку и природен феномен. Тие се формираат поради ледените кристали што лебдат во облаците, слично како и кај ѕуницата. Имено облакот со боја на виножито е висок, студен облак составен од многу ситни ледени кристали, што овозможуваат, благодарение на феноменот на рефракција и рефлексија, разбивање на сончевата светлина на нејзините составни бои. Оптичкиот процес е сличен на оној што ја овозможува појавата на ѕуница.
Објавено на 20.06.2023 - 12:30

Хемија
Печатењето на структури од кварцно стакло во микро и нанометарски размер, од чист силициум диоксид, отвора врата за многу нови апликации во оптиката, фотониката и полуспроводничките технологии. Досега, процесите се засноваа врз конвенционално синтерирање.
Објавено на 19.06.2023 - 13:00

Pages