Илон Маск не е заинтересиран да го купи TikTok, популарната социјална платформа за споделување куси видеосодржини којашто Вашингтон се обидува да ја забрани заради загриженост за националната безбедност. Чувството произлегува поради кинескиот сопственик на платформата и мобилната апликација, компанијата ByteDance.
„Не дадов понуда за TikTok. Немам планови што би правел доколку имам TikTok“, изјавил Маск и додал дека тој лично не користи TikTok.
„Не сум желен да го купам TikTok“, кажал Илон Маск, човекот кој го купи Твитер во 2022 година по што ја преименува социјалната платформа во X. Купувањето на Твитер беше исклучок, вели тој, додавајќи дека го купил за „да ја зачува слободата на говорот. Вообичаено градам компании од нула“, истакнал милијардерот.
Bloomberg News објави дека кинеските власти ја проценуваат опцијата што ќе му овозможи на најбогатиот човек на светот и близок соработник на претседателот Доналд Трамп да го преземе американскиот бизнис на TikTok доколку не успее да ја одбрани забраната.
Според едно сценарио, X би ја презел контролата врз TikTok US, изјавиле за Блумберг извори запознаени со ситуацијата.