Омнибус
Со музиката на унгарскиот великан Франц Лист и делото за пијано „Легенда – Свети Фрањо оди по брановите", во изведба на наградуваниот млад пијанист Арсениј Ангелевски од Државното музичко училиште во Битола, започна свечениот старт на прославата посветена на оваа значајна годишнина на УКЛО.
Објавено на 26.04.2023 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Слика од екранот со телеметриските податоци
Јапонскиот лендер Хакуто-Р (Hakuto-R) на компанијата Испејс (ispace) не успеа во обидот да влезе во историјата како прво вселенско летало од една приватна компанија и прво јапонско летало што успешно извело контролирано слетување на површината на Месечината. По испраќањето на неколку спектакуларни фотографии направени при приближувањето на леталото кон Месечината, ispace изгуби контакт со Хакуто-Р вчера во 18 часот и 40 минути по македонско време (16:40 GMT).
Објавено на 26.04.2023 - 12:00

Воена техника
Biofire Smart Gun доаѓа опремен со сензори што спречуваат неовластена употреба
Сопственоста на оружје е тема на дебата во САД со години. За многумина, тоа е прашање на лична слобода, па дури и дел од културата, додека други веруваат дека бројот на масовни крвопролевања кои се тажна константа во американското секојдневие, би можел значително да се намали доколку пушките не би биле толку достапни. Американскиот стартап Biofire верува дека постои компромис помеѓу поседувањето пиштол и неговата безбедност – оружје што може да го користат само нивните сопственици, коешто доколку падне во погрешни раце, не може да се користи за напади и убиства. На тој начин би се избегнале опасните ситуации кои можат да настанат кога децата ќе го најдат оружјето на родителите, а детската игра ќе се претвори во трагедија.
Објавено на 25.04.2023 - 12:15

Историја и археологија
Дел од предметите пронајдени во пештерата Ес Кариткс. Предметите се дел од редовната поставка на Музејот Кан Саура
Атропин, скополамин и ефедрин се халуциногените супстанции присутни во праменот коса кој датира од пред речиси 3000 години, пронајдена на Менорка, дел од Балеарските Острови во Шпанија. Каква била намената на овие дроги?
Објавено на 24.04.2023 - 15:45

Информатика
Инстаграм најави ново ажурирање на корисничкиот профил што ќе им овозможи на корисниците да додадат до пет линкови во нивната биографија. Оваа нова функционалност значи дека помалку корисници ќе мора да користат решенија како Linktree.
Објавено на 24.04.2023 - 15:15

Астрономија и астронаутика
Слика од вселенскиот телескоп Хабл на објектот познат како галаксијата Стопен прстен, GAL-CLUS-022058s, PKS 0218-387. Околу објектот јасно забележлив е Ајнштајнов прстен.
Според истражувањето на Универзитетот во Хонг Конг (УХК) Ајнштајновите прстени набљудувани околу гравитациските леќи покажуваат знаци на брановидна природа на темната материја.
Објавено на 24.04.2023 - 13:15

Астрономија и астронаутика
„ Starship штотуку доживеа т.н. брзо непланирано расклопување [rapid unscheduled disassembly], или RUD, за време на искачувањето “, рече инженерот на SpaceX Џон Инспракер, кој беше еден од коментаторите на преносот на лансирањето на веб-каналот на компанијата. „ Ова сега беше развоен тест, ова беше прв пробен лет на Starship, а целта е да се соберат податоци и како што рековме, да се расчисти подлогата и да се подготвиме за повторен лет. Така што никогаш не знаеме точно што ќе се случи, но како што ветивме, возбудата е загарантирана! Starship ни даде прилично спектакуларен крај на она што беше навистина неверојатен тест “.
Објавено на 21.04.2023 - 01:00

Астрономија и астронаутика
Ракетата на SpaceX само делумно го помина својот прв целосен тест. Од неа се очекува да донесе промени во астрофизиката и астрономијата, како и да се користи како превоз до Месечината, а потоа и до Марс. Но, огромниот „Ѕвезден брод“ што денес се отисна од лансирната рампа во јужен Тексас експлодираше пред да ја достигне вселената, завршувајќи го неславно првиот голем пробен лет на најголемата ракета што некогаш е направена.
Објавено на 20.04.2023 - 22:45

Омнибус
Борис Елдагсен и неговотo дело PSEUDOMNESIA | The Electrician
Дали слушнавте за фотографот кој ја одби наградата освоена на еден од најголемите фотоконкурси за фотографија затоа што неговата фотографија е направена со вештачка интелигенција? Фотоконкурсот е еден од најпрестижните во светот – Sony World Photography Awards, а делото- победник во категоријата Креативна фотографија е црно-бела снимка со наслов „ПСЕВДОМНЕЗИЈА | Електричарот“ (PSEUDOMNESIA | The Electrician).
Објавено на 20.04.2023 - 17:00

Информатика
Нацрт-законот, кој беше усвоен со 54 гласа „за“ и 43 „против“, наведува неколку причини за загриженост за TikTok, како што е наводниот надзор од страна на кинеската влада, како и охрабрувањето на „опасни активности“ меѓу младите луѓе кои ја користат апликацијата.
Објавено на 20.04.2023 - 15:45

Pages