Во 2017 година во САД поднесена е пријава за патентна заштина на нов, инвентивен и дотогаш невиден начин на копање или пробивање на подземни тунели со помош ерозија од плазма. Идејата датира од 2016 година. За што се работи?
Плазмата е високојонизирачки гас со многу голема температура насочен кон работното тело и благодарение на огромната брзина на молекулите го загрева и топи работното тело до испарување. Типичен пример за плазма е громот или електричното празнење во атмосферата. Во нашиот случај работното тело е земјата. Кога плазмата ќе се насочи кон неа таа согорува и испарува и остава една празнина која всушност е тунелот кој сме го ископале со самата таа постапка. За нејзино функционирање потребни се електрична енергија и гас под притисок и секако, машинска инсталација за сето тоа да има реална практична примена.
Копањето на подземни тунели е исклучително скапа постапка ако се изведува со класични машини. Тие функционираат на принципот на механичко копање и се цели фабрики и инсталации кога се работи за подземни тунели наменети за метроа во големите градови. Исто така, самата постапка е исклучително спора. Со новиот метод имаме 100% пониски трошоци и 100 пати побрзо копање на тунелите. Изгледа фантастично? Да, фантастично е.
Плазма млазниците се сместени на робот кој напредува во земјата оставајќи зад себе пепел и гасови од согорената земја. Пепелта се користи како суровина во фабриките за цемент. Факелите (горилниците) се поставени спирално на дискови на челниот дел од роботот и развиваат температура од околу 27 000°C. Што се однесува до електричната енергија, за големи тунели е потребна моќност од 1,38 GW електрична енергија. Брзината на копање е извонредна и изнесува околу 1 километар дневно што е 100 пати побрзо од досегашното конвенционално копање на тунелите.
Патентот е на стартап компанијага од Сан Франциско Earthgrid. Дека нивната идеја има реална основа говори и фактот дека уште сега тие се соочуваат со конкуренција.