Бостон Дајнамикс (Boston Dynamics), компанијата за напредна роботика позната по видеата со прикази на нивните роботи што изведуваат вознемирувачки прецизни танцови рутини, повторно изненади со видео овојпат формулирано како Божикна честитка.
Имено, на својот YouTube канал компанијата објави краток видео клип на кој се прикажува нејзиниот четириножен робот Спот (Spot) како се движи низ ледениот под од магацин со зимска тематика, а во позадината тивко свири божиќна музика. Сцената потоа се менува прикажувајќи нова, потенока верзија на нувниот хуманоиден робот Атлас (Atlas) облечен во облека на Дедо Мраз, комплет сосе бела брада и сè што следи. Некаде во заднината може да се наслушне и механички звук на тивко смеење неколку моменти пред Атлас ненадејно да направи салто во воздухот совршено дочекувајќи се на нозе.
„Ви посакуваме празнична сезона полна со светлина и смеа додека се вртиме кон Новата година!", – пишуваат Бостон Дајнамикс во нивната објава на X во која го споделуваат и видеото.
Ова видео е еден од првите забележителни примери на поновиот модел Атлас кој изведува акробации со кои го запознавме неговиот постар роднина, кој сега се нарекува „Хидрауличен Атлас“ (Hydraulic Atas). Постариот робот што тежеше околу 200 килограми, го памтиме по неговите запрепастувачки прецизни изведби на салта, паркур потези и лесни кревања гломазни тешки предмети над главата. Тој модел беше официјално пензиониран претходно оваа година и беше заменет со мошне помала, целосно електрична верзија, повеќе насочена кон комерцијални апликации, како работа во магацин, на пример. Компанијата неодамна објави видео од новиот и подобрен Atlas како автономно ги фаќа и поместува капаците на моторот помеѓу контејнерите за снабдување во симулиран производствен центар.
И бидејќи се работи за Бостон Дајнамикс, тие подоцна го повторија истиот тест само со Атлас облечен во костум на хот-дог.
Атлас не е единствениот робот кој добива празнични презентации. На почетокот од оваа година, Бостон Дајнамикс го облече својот четвороножен робот Спот во специјално изработен костим за куче што личи на Мапет кукла. “Крзнениот” Спот којшто компанијата го нарече Спарклс, потоа се вклучува во кратка танцова рутина инспирирана од кучиња, овозможена од системот наменет за танц Choreographer (Кореограф). Спарклс може да се види како мрда со телото, скока горе-долу во замислена возбуда, па дури и ја креваат својата “шепа”.
Демонстрацијата се базира на претходното вирално видео кое прикажува група роботи од Boston Dynamics кои синхронизирано танцуваат во ритмовите на песната „Do you Love Me“ од Contours.