Тимот на компанијата за роботика Бостон Дајнамикс (Boston Dynamics) објави промотивно видео во коешто истовремено им оддава почест на легендарните Rolling Stones. Имено, оваа година се навршуваат точно 40 годишни од објавувањето на нивниот мегахит, песната Start Me Up. Песната беше впечатлива и по видео спотот што ја придружуваше. Во него Мик Џегер игра и се движи по сцената изведувајќи ја песната, додека членовите на групата свират на нивните инструменти.
Компанијата Boston Dynamics, којашто неодамна беше купена од корејската автомобилска компанија Hyundai, честопати објавува забавни видеа во кои “ѕвезди” се нивните роботи, со цел да ги промовира своите производи и да истакне нови знаменитости во дизајнот и перформансите на роботите. Првите видеа, што можеа да се погледнат и на YouTube, прикажуваа една или повеќе од нивните четириножни креации како газат на природен терен. Во поновите видеа очигледни се подобрувањата во агилноста на роботите кои во нив потскокнуваат и прават салта. Се чини дека тактиката функционира – компанијата досега продала над 400 роботи на различни компании, вклучувајќи го и полицискиот оддел во Њујорк. Во најновото видео, роботите (сите верзии на моделот Spot) ја рекреираат изведбата на Стоунси. За подобра споредба, изведбата на роботот може да ја следиме паралелно со со оригиналното видео на Стоунс, додека песната се репродуцира во позадина.
Како што музичката група ја предводи Мик Џегер, така и роботската група има свој предводник. Роботот што наликува на куче ги рекреира движењата на Џегер со конкретни детали, а впечатлив е и роботскиот “липсинг” на целата песна. Како што песната напредува, камерата се придвижува за да покаже уште двајца од другите членови на бендот, а и роботите што ги имитираат Кит Ричардс и Рони Вуд, како свират на нивните инструменти и на моменти се приближуваат до Џегер за да испеат неколку стихови во ист глас.
Освен забавниот карактер на видеото, тоа служи и да ја прикаже агилноста на роботите, но и нивната прецизност и тајминг, укажувајќи им на потенцијалните клиенти дека роботите можат да направат повеќе едноставно “влечење” на опрема наоколу.