Претседателот на Франција, Емануел Макрон, најави инвестиции од приватниот сектор во развојот на вештачка интелигенција (ВИ) во вредност од околу 109 милијарди евра за време на самитот за вештачка интелигенција во Париз што деновиве се одржа во Париз.
Плановите вклучуваат инвестиции од канадската инвестициска фирма Брукфилд со во вредност од 20 милијарди евра и финансии од Обединетите Арапски Емирати кои би можеле да достигнат 50 милијарди евра во наредните години, велат од кабинетот на Макрон. Елисејската палата соопштила дека инвестицијата од Емиратите ќе вклучува финансирање на центар за податоци од еден гигават. Весникот La Tribune de Dimanche објави дека најголемиот дел од инвестицијата на Брукфилд ќе оди и во центарот за податоци.
Вештачката интелигенција бара огромни количини енергија за напојување на огромни центри за податоци, а Европа се бори да ја задоволи идната побарувачка.
Минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека компаниите OpenAI, SoftBank Group и Oracle ќе инвестираат 500 милијарди долари во инфраструктурата за вештачка интелигенција во следните четири години за да им помогнат на САД да останат пред Кина и другите ривали во глобалната трка за вештачка интелигенција.
Големиот акциски самит за вештачка интелигенција што во понеделник и вторник се одржа во Париз ќе собере бројни шефови на држави или влади, меѓународни организации, технолошки компании и научници кои ќе се обидат да постигнат глобален консензус за етичкиот развој на вештачката интелигенција за општо добро.
Минатиот месец донесе потрес на полето на вештачката интелигенција кога кинеската компанија DeepSeek го претстави својот модел со вештачка интелигенција, сличен на ChatGPT, кој беше развиен по драстично помали трошоци. Компанијата објави дека потрошила само 5,6 милиони долари на компјутерски ресурси за нејзиниот основен модел. Во исто време, американските компании како OpenAI, Google и Meta инвестираат милијарди во развојот на вештачката интелигенција.