Астрономија и астронаутика
Мисијата на ЕСА, Евклид само што не започнала. Вселенскиот телескоп ќе бара показатели што треба да им помогнат на астрономите да ја разберат мистеријата на темната материја. Телескопот беше лансиран денес, 1 јули, во 17 часот и 11 минути по македонско време, од американската база во Кејп Канаверал, Флорида. Вселенскиот телескоп Евклид го носи ракетата Фалкон 9 на SpaceX, во капсула која го одржува „безбеден и чист“.
Објавено на 01.07.2023 - 17:45

Астрономија и астронаутика
Поглед од500 метарскиот телескоп со сферичен отвор (FAST) во Гуижоу, Кина
По историското прво откривање на бранувањата во време-просторот во 2015 година со помош на детектори на земјата, истражувачите сега повторно ги реоткриваат брановите на Алберт Ајнштајн со една сосема поинаква техника. Пристапот ги следи промените во растојанијата помеѓу Земјата и пулсарите во нашето галактичко соседство, кои откриваат како просторот помеѓу се збива и растегнува при минувањето на гравитациските бранови.
Објавено на 30.06.2023 - 19:00

Медицина
Псилоцибин, активната состојка во халуциногените печурки, доби одобрување за регулирана употреба во терапевтски цели во Австралија.
Австралија ќе стане првата земја во светот која ќе им дозволи на лекарите како лек да препишуваат псилоцибин и MDMA, две нелегални супстанции, што покажале ветувачки резултати во лекувањето на некои психијатриски нарушувања. Одлуката, која ќе стапи на сила на 1 јули, беше поздравена од некои застапници на психоделичната терапија, но исто така предизвика загриженост кај научниците и лекарите кои велат дека доказите за безбедноста и ефикасноста на овие лекови се сè уште неубедливи. Потсетување псилоцибиот е екстракт од т.н. магични печурки, познати како психоделична дрога, додека MDMA е дрога што е многу попозната под името екстази.
Објавено на 30.06.2023 - 14:00

Астрономија и астронаутика
По низа пехови и перипетии, вчера конечно се случи првиот комерцијален лет на Virgin Galactic. Да потсетиме Virgin Galactic лета повторно по речиси две години застој, што се должеше на низа технички проблеми. Компанијата ја исполни својата прва комерцијална мисија испраќајќи четворица патници во суборбиталниот простор и назад. Се работи за значаен момент за Virgin Galactic, компанија што има големи амбиции во врска со “последната граница”.
Објавено на 30.06.2023 - 11:30

Историја и археологија
Мртвата природа што се појави при новите ископувања во Регија IX во Помпеја. Археолошки парк Помпеја (pompeiisites.org)
При новите ископувања во Помпеја, се појави приказ на нешто кое изгледа како предок на современата пица. Тркалезна подлога од леб со дебел „венец“, посипана со бели и црвени елементи... но дали тоа навистина би можело да биде пица насликана на фреската неодамна откриена во Помпеја? Дури и тоа да им изгледа така на нашите очи, сепак такво нешто е невозможно велат италијаните. А тие би требало да знаат најдобро, нели? Имено, како што тие истакнуваат во тоа време сѐ уште немало моцарела и домати. Сепак, сликата со мотив на “мртва природа”, што сега може да се забележи речиси насекаде низ интернетот можеби и има некаква далечна врска со омиленото неаполското јадење, кое доби место на листата на светско нематеријално културно наследство.
Објавено на 29.06.2023 - 17:00

Психологија
Зборови, реченици, разговори за чет, е-пошта, социјални медиуми – системите за вештачка интелигенција предлагаат зборови, комплетираат реченици или создаваат разговори. Во пракса, човечката комуникација сѐ повеќе се меша со јазикот генериран од вештачката интелигенција. Една студија ја анализираше нашата способност да ги препознаеме различните видови текст генерирани од вештачка интелигенција објавени на платформите за онлајн запознавање, професионално пребарување и сместување за одмор. Резултати? Некои работи можеби е и подобро да не ги знаеме...
Објавено на 29.06.2023 - 15:30

Историја и археологија
Реконструкција на хомо еректус, вид хоминин кој живеел пред некаде помеѓу 1,6 милиони и 150 000 години.
На фосилизирана нога од хоминин се забележани засеци што веројатно биле направени од камени алатки. Ова може да биде најраниот доказ дека древните луѓе меѓусебно се касапеле и го јаделе месото од други.
Објавено на 28.06.2023 - 12:30

Фототехника
Дизајнерот Бјорн Карман и неговото 'чудо од камера'
Paragraphica претставува фотоапарат без објектив што може да создава слики со вештачка интелигенција. Неговиот пронаоѓач бил инспириран од љубопитниот крт со ѕвездест нос, па оттаму и обликот на заменскиот “објектив”.
Објавено на 27.06.2023 - 13:30

Математика
Голем успех на Македонската репрезентација на Јуниорската Балканска математичка олимпијада 2023. Освен што нашите математичари се враќаат со златен медал од 27-мата Јуниорска Балканска математичка олимпијада, што само по себе е огромен успех, тие израдуваа со уште еден детаљ – Македонија е единствената земја која освои златен медал со максимален број на поени! Дополнителна радосна вест е што и една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.
Објавено на 27.06.2023 - 12:00

Екологија
Од каде потекнува повеќегодишниот облак од јаглероден диоксид што ја обвива и ја задушува планетата? Зборувајќи за климатската криза, ќе потсетиме дека индустријализираните земји се првенствено одговорни за емисиите на CO 2 , особено за оние што се досега произведени. Трите нови анимации на НАСА, што може да ги погледнете во прилог, го прават концептот за обемот и распространетоста на облакот од јаглероден диоксид во атмосферата, помалку апстрактен.
Објавено на 26.06.2023 - 19:15

Pages