Лекот за дијабетес чиешто откритие беше прогласено за врвен научен дострел за 2023 година од страна на тимот на научното списание Science, сè повеќе се гледаше како своевиден чудотворен лек. Имено, освен првичната намена да им помогне на луѓето со дијабет и шминкерсаката за оние што сакаат да ослабнат, од научните кругови сè почесто стигнуваа вести дека лекот помага за сè и сешто – лечење на зависности, нормализирање на крвниот притисок, намалување на ризикот од срцеви проблеми, воспаленија, кај полицистични јајници, помага кај рак на дебелото црево, за Алцхајмерова болест... Но, стигнуваат и вести за други, чудни нуспојави од негово користење...
Голем број од кои земаат Оземпик, Вегови и слични лекови почнале да пријавуваат нешто чудно – промени во нивниот вкус и преференции за храна. Некои велат дека месото сега им има непријатен вкус, пржената храна им е премногу тешка, па дури и нивните омилени јадења повеќе не им се привлечни.
Лековите припаѓаат на групата наречена агонисти на GLP-1 рецептори, првично создадени за лекување на дијабетес тип 2. Тие им помагаат на луѓето да ослабнат со тоа што ги прават да се чувствуваат сити побрзо, но исто така лековите може да влијаат и на тоа како луѓето го доживуваат вкусот и желбата за храна. Научниците сметаат дека дел од причината е што овие лекови делуваат во центрите за апетит и награда во мозокот.
Имено, се чини дека лековите го намалуваат задоволството што луѓето го добиваат од консумирањето на одредена храна, особено на онаа што е помасна или преработена. Некои студии укажуваат кон тоа дека лековите може директно да влијаат и на пупките за вкус, иако доказите се мешани. Имено, една студија покажала дека луѓето кои го земаат лекот имале посилни реакции на вкус, додека друга открила намалена чувствителност на сите основни вкусови – слатко, солено, кисело, горчливо и умами. Досега, истражувањето е сè уште во рана фаза.
Повеќето наоди доаѓаат од мали студии или од лични приказни. Но, шемата е јасна: многу луѓе кои ги земаат овие лекови се чувствуваат сити побрзо, јадат помалку и губат интерес за храна – особено за омилените јадења со висока калорична вредност како пржена храна и црвено месо. За некои, тоа е корисна промена што го олеснува губењето на тежината, но други оваа нуспојава ја чувствуваат како загуба, особено ако готвењето и јадењето некогаш биле пријатни.
Научниците продолжуваат да проучуваат како лековите GLP-1 влијаат на вкусот, апетитот и мозокот.
Извор Scientific American