Информатика
Неодамна компанијата Amazon почнала да тестира систем за плаќање со дланка во нејзините продавници.
Објавено на 08.10.2020 - 13:30

Омнибус
Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) ги повикува сите домашни иноватори да се пријават за учество на Четвртиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020. Со оглед на познатата ситуација со Ковид 19 пандемијата, Саемот ќе се одржи on-line, од 9. до 11 ноември 2020.
Објавено на 08.10.2020 - 11:00

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на Роберт Годард, таткото на вселенското доба, Пејтон Роус, американскиот виролог и нобеловец и Џорџ Вестингхаус помладиот, американски претприемач и иноватор. Покрај ова го одбележуваме откритието на првата егзопланета откриена во орбита на планета налик на нашето Сонце и го славиме делото на Сејмур Креј, таткото на суперкомпјутерите.
Објавено на 05.10.2020 - 22:30

Информатика
Детскиот едукативен центар за обуки за програмирање Едуфронт ги повикува сите заинтересирани деца од 10 до 14 години да се приклучат на бесплатните отворени работилници преку кои би можеле да ги осознаат основите за креирање веб-апликации и за програмирање во Python. Работилниците ПрограмИграм со Python и ПрограмИграм со HTML/CSS & JavaScript ќе се одржат со помош на платформата Zoom, а се закажани за овој четврток и петок од 18 часот.
Објавено на 05.10.2020 - 12:30

Медицина
– аминокиселински тројански коњ исполнет со наночестички Новиот метод со којшто научниците се обидуваат да направат пресврт во борбата со ракот ја користи древната воена тактика на тројански коњ – наночестичките скриени во есенцијална аминокиселина навлегуваат во клетките на ракот за потоа да ги поттикнат да се самоуништат.
Објавено на 02.10.2020 - 14:00

Омнибус
Во овој времеплов го славиме роденденот на Радио Белград, првата радиостаница на балканските простори и пошироко во регионот, како и роденденот на американската вселенска агенција НАСА. Покрај ова го одбележуваме и почетокот на првото масовно производство на блескави светилки.
Објавено на 01.10.2020 - 15:30

Информатика
Компанијата за надзор и безбедност Ring, која работи во склоп на Amazon , неодамна го престави надзорниот дрон со име Always Home Cam. За овој необичен мал дрон веќе се вели дека претставува нова категорија уреди за надзор во внатрешноста на куќата.
Објавено на 01.10.2020 - 11:15

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на Енрико Ферми, архитектот на нуклеарното доба, и Бери Маршал, кој учестуваше во откритието на хеликобактер пилори. Покрај ова ги одбележуваме денот на основањето на ЦЕРН, лансирањето на првиот канадски сателит и пуштањето на првата вистинска хидрицентрала за создавање електрична енергија. Исто така си спомнуваме и за таткото на дизел-моторот – Рудолф Дизел.
Објавено на 30.09.2020 - 17:45

Медицина
Употребата на јоден раствор (повидон-јод) и неговата делотворност во сузбивањето на постарите членови на семејството коронавируси, вирусите SARS и MERS е докажана во поранешни инвитро студии. Јодниот раствор кај нас се продава како Бетадин и го има во две варијанти – 1% антисептик за орална употреба (плакнење на устата и гаргара) и 10% раствор за надворешна употреба (за чистење рани). Но, дали јодниот раствор е ефикасен и против новиот коронавирус SARS-CoV-2?
Објавено на 24.09.2020 - 16:15

Екологија
Со цел да се подигне свесноста за квалитетот на воздухот во нашата земја, здружението "Еко-свест“ и Амбасадата на Кралството на Шведска ќе избираат најдобра фотографија на темата "50 нијанси воздух" . Сите фотографии, кои ќе бидат испратени до 15 октомври и кои ќе ги исполнуваат критериумите, ќе...
Објавено на 23.09.2020 - 12:00

Pages