Биологија
Со напредокот на возраста луѓето ја претпочитаат дружбата во мали групи стари пријатели, каде интеракциите се позитивни и без стрес. Нешто што се чини дека го прават и шимпанзите.
Објавено на 06.11.2020 - 11:15

Астрономија и астронаутика
Радиоастрономите кои го набљудуваат небото во потрага по невообичаени настани открија брз изблик на радиосигнали (fast radio burst, FRB) во соѕвездието Лисица (Vulpecula), оддалечено 30 000 светлосни години од Земјата, во рамките на нашата галаксија Млечниот Пат. Детектираните FRB биле во радиофреквенцискиот појас од 1,281 до 1,468 GHz.
Објавено на 05.11.2020 - 14:45

Омнибус
Во овој времеплов го одбележуваме денот кога интернетот ја оствари бројката од 100 милиони страници, денот кога Гугл ја воведе платформата Андроид, а славиме и два родендени – на францускиот хемичар и нобеловец Пол Сабатје и на шкотскиот астроном и математичар Џејмс Грегори.
Објавено на 05.11.2020 - 14:15

Електроника
Тестирање на UHF конверторот
Во фокусот на овој краток прилог е еден уред, што зазема посебно место во историјата на телевизијата. Потекнува од седумдесеттите години и обично можевме да го видиме покрај најстарите модели на црно-бели ТВ-приемници, во домовите на нашите дедовци и баби или други постари роднини.
Објавено на 05.11.2020 - 10:00

Психологија
Ковид-19 ја зголеми анксиозноста кај многумина; експертите предупредуваат дека дел од популацијата може да остане со ментални проблеми и по завршувањето на пандемијата.
Објавено на 04.11.2020 - 15:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на шкотскиот хемичар Даниел Ратерфорд и на кинескиот инженер Чарлс Куен Као. Покрај ова го одбележуваме лансирањето на сондата Маринер 10 и откритието на гробницата на Тутанкамон.
Објавено на 04.11.2020 - 01:30

Медицина
Нормално е постари луѓе со коморбидитети да умрат токму две-три недели откако се заразиле со SARS-CoV-2?! Или, можеби, нормално е млади, здрави луѓе, без коморбидитети, да умираат од ковид-19? Нормално ли ќе беше да умираат во толкав број ако беа заразени со грип или настинка?!
Објавено на 03.11.2020 - 14:45

Аудио и видеотехника
Постер  за фестивалот Камера 300
Изминатиот викенд, поточно на 30 октомври, званично беа објавени резултатите од гласањето на жири комисијата за филмовите што беа во конкуренција на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм, по што на најдобрите им беа доделени признанија и плакети. Социјалните мрежи се преполни со видео материјали од филмовите наградени на Камера 300, а впечатоците од прикажаните и наградени филмови, сè уште не стивнуваат.
Објавено на 03.11.2020 - 13:15

Омнибус
Во овој времеплов го славиме јубилејот 20 години од почетокот на работата на Меѓународната вселенска станица. Покрај ова ги одбележуваме родендените на американските физичари Роберт Лафлин и Ричард Тејлор, како и на контроверзниот астроном Харлоу Шејпли.
Објавено на 01.11.2020 - 13:30

Медицина
Во овој текст ќе се обидеме да ги пренесеме со едноставен јазик сознанијата што д-р Марик ги презентираше, притоа ставајќи акцент на специфичноста на инвазијата на овој коронавирус, фазите на COVID-19, и со посебен осврт на (не)ефективноста на моментално најпопуларниот лек – ремдесивир.
Објавено на 01.11.2020 - 13:30

Pages