Видеоигрите за компјутер сега можат да користат DirectStorage, DirectX 12 Ultimate API што Мајкрософт го најави во 2020 година. Функцијата би требало да донесе побрзо време на вчитување и подобрени текстури и длабински приказ.
Xbox Series X/S веќе користи DirectStorage, а во јуни Мајкрософт најави дека ќе ја донесе функцијата и на Windows 11. API-то за забрзување на складишната меморија треба да ја подобри играта со инстант вчитување на средства со кои се располага а ќе овозможи и поживописни виртуелни пејзажи. Работи со испраќање податоци директно од NVMe SSD до графичката картичка, при што го прескокнува процесорот, искористувајќи ја максимално брзината на PCIe 3.0 или на PCIe 4.0, во зависност од системот.
Во објавата на блогот за програмери, Мајкрософт обзнани дека го поместува DirectStorage од прегледот наменет само за програмери и дека го направи јавно достапен со јавно софтверски развоен пакет (SDK).
Првичните лански најави од Мајкрософт беа дека нема да има Windows 10 поддршка за DirectStorage, но подоцна се чинеше дека се предомислија. Сепак, во објавата од понеделникот, Мајкрософт се обидува да ги насочи PC-гејмерите кон користење на Windows 11, велејќи дека оперативниот систем „има вградени најнови оптимизации за складирање“ и дека е „препорачана гејминг платформа“.
Иако сè уште нема игри што го поддржуваат DirectStorage на компјутер, AMD и развојната компанија за видеоигри Luminous Productions неодамна направија демонстрирација на Forspoken користејќи ја оваа функција. Играта се очекува да се појави на пазарот на 11 октомври. На блогот на Мајкрософт пишува дека може да очекуваме уште обавестувања за улогата на DirectStorage во компјутерските игри и DirectStorage поддршката.
Знаејќи го ова секако може да очекуваме сè повеќе игри што ќе ја користат функционалноста на DirectStorage. Sony веќе ги промовираше можностите и придобивките на брзиот NVMe SSD за гејмингот, со брзо вчитување на виртуелниот свет и брзата промена од еден имагинарен универзум во друг во играта Ratchet and Clank: Rift Apart за PlayStation 5. Сепак, не сите PC гејмери направија премин од SATA на NVMe PCIe 3.0 или на понови SSD.
Мајкрософт претходно тврдеше дека NVMe е неопходност бидејќи ваквите SSD-дискови “може да имаат повеќе низи, а секоја низа може да содржи многу барања истовремено, што ги прави мошне погодни за денешните гејминг оптоварувања што имаат тенденција да бидат паралелни и групирани“.
За користење на DirectStorage ќе ви биде потребна и Nvidia RTX 2000 или AMD RX 6000 или некоја понова графичка картичка.