Рубрика: Метеорологија
Како научниците ја измерија најдолгата молња
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 25.02.2022 - 13:30

Најдолгата досега детектирана молња се протегала цели 768 километри, за на крај да падне како гром во јужниот дел на САД. Појавата беше забележана пред речиси две години но рекордните резултати дури неодамна беа официјално потврдени од Светската метеоролошка организација.  Зошто на научниците им требаше толку долго за потврда?

За мерење на молњите се користат сателити опремени со инструменти кои ја детектираат нивната должина и времетраење. Еден од нив е GOES-R кој се наоѓа во геостационарна орбита на височина од 36 000 km. Сателитот беше лансиран во 2016 година и има можност да ги скенира САД на секои 5 минути, но и на секои 30 до 60 секунди во случај на потенцијално опасни феномени. Големото количество собрани податоци потоа се преземаат и потребно е многу долго време за да се проучат. Ако се сомневате во ова само помислете дека секојдневно околу планетата Земја се случуваат околу 3 милиони удари на гром.

И тоа не е сè – постои долг процес на двојна проверка на инструментите, вкрстено набљудување и верификација од група експерти пред да се потврдат рекордите на громовите и молњите. Па така, според Светската метеоролошка организација, временски најдолготрајната молња се случила во јуни 2020 година, на границата помеѓу Уругвај и Аргентина, и траела цели 17 секунди, подолго од кој било друг досега откриен блесок. Според научниците ова е важно бидејќи го подобрува нашето разбирање за динамиката на молњите – како, каде и, пред сè, зошто молњите се манифестираат на овој начин.

И најдолгата и најдолготрајната молња/гром беа детектирани региони коишто ањ особено погодени од невремиња со грмотевицо – во областа на Големите рамници на Северна Америка и во сливот на Рио де ла Плата во Јужна Америка. Овие географски области се склони кон релативно големи конвективни системи, што може да предизвика поединечните невремиња со молњи да се комбинираат во масивни временски системи кои предизвикуваат екстремни удари од гром.

Обата рекорда за атмосферско електрично празнење се случиле во 2020 година. Дали ова значи дека луњите стануваат “погадни“? За истражувачите, поверојатно е дека нашата способност за детектирање на метеоролошките случувања и детекцијата на атмосферските празнења е мошне подобрена. Само по неколку години од набљудувања, снимање и анализа на овие екстремни настани, ќе можеме да процениме дали тие стануваат сè почести.

Клучни зборови: