Медицина
Дали губењето на меморијата кај Алцхајмеровата болест можеби е предизвикано од намаленото снабдување со крв во мозочниот регион на хипокампусот? Едно истражување за протокот на крв во хипокампусот, регион на мозокот којшто се смета за “контролен центар“ на сеќавањата и на учењето, понуди можно објаснување за еден од раните симптоми коишто најчесто се поврзуваат со Алцхајмеровата болест – губењето на меморијата.
Објавено на 17.06.2021 - 12:15

Информатика
Ви ја претставуваме книгата, “Препознавање на облици” од авторите д-р Анис Сефиданис, м-р Зорица Каевиќ и м-р Билјана Раичевиќ Велковска. Се работи за неодминлива литература за сите кои целат да се бават со дигитална форензика, кибер безбедност и заштита на податоци.
Објавено на 16.06.2021 - 21:30

Информатика
Според сите анализи за присуство во медиумите, дигиталната агенда и дебата станува сè поактуелна во платформите и настапите на општествено-политичките чинители на сите нивоа, а истовремено голем број од нив сметаат дека е потребна одржлива дигитализација која ќе биде насочена исклучиво кон потребите на граѓаните и олеснувањето на животот и работните активности на секое физичко и правно лице.
Објавено на 15.06.2021 - 15:00

Омнибус
Во овој времеплов одбележуваме 269 години откако Бенџамин Франклин демонстрирал дека молњата е електрицитет, 177 години откако Чарлс Гудјир го патентира процесот за обработка на гума – вулканизација, 55 години од првиот успешен лет на една жена во вселената, 118 години од основањето на гигантот во автомобилската индустрија Форд и само 9 години од лансирањето на првата жена-тајконаут.
Објавено на 15.06.2021 - 15:00

Макетарство и моделарство
Втопласиран натпреварувач Гоце Јосифовски со својот електромодел пред старт
Во олеснети услови, но според протокол предвиден поради пандемијата со ковид-19, изминатиот викенд се одржа воздухопловната манифестација од натпреварувачки карактер во разни категории на РУ модели, придружена со размена на искуства и рекреативно летање.
Објавено на 15.06.2021 - 12:45

Омнибус
Во следните редови обележуваме 165 години од раѓањето на рускиот математичар Андреј Андреевич Марков, познат по неговата работа во доменот на веројатноста, 153 години од раѓањето на Карл Ландштајнер, човекот којшто ги откри крвните групи кај луѓето, и 78 години од претставувањето на првиот концепт за јавен воздушен превоз со хеликоптер...
Објавено на 14.06.2021 - 17:30

Информатика
Со промените на навиките на купувачите расте и значајноста на дигиталните канали на продажба, односно електронската трговија. Посетителите на социјалните мрежи и веб-сајтови треба некако да се доведат до точка на купување, па тука до израз доаѓа дигиталниот маркетинг. Кои се трендовите во овој начин на продажба и кое е местото на дигиталниот маркетинг во електронската трговија?
Објавено на 14.06.2021 - 15:45

Фототехника
Истражувачите од Факултетот за применета и инженерска физика на Универзитетот Корнел и Напредниот технички институт на Самсунг создадоа уникатна форма на мета-леќа – леќа направена од метаматеријал којашто може да се фокусира со промена на напонот наместо со механичко поместување на леќите од објективот.
Објавено на 14.06.2021 - 13:30

Математика
После пробивањето на нагорната линија на трендот (црвената линија на вториот дијаграм) се чинеше дека ништо не може да го сопре намалувањето на бројот на активни случаи до нула, при минимален раст на вкупниот број на случаи (сината линија на истиот дијаграм). Сепак, темносината линија веројатно тука некаде ќе сопре со намалувањето и кривата извесно време ќе изгледа како замрзната.
Објавено на 13.06.2021 - 22:00

Омнибус
Во следните редови пишуваме за Карл фон Фриш – човекот што го “дешифрираше” сложениот “говор” на пчелите, го одбележуваме роденденот на велосипедот и роденденот на математичарот Џон Неш чии научни дострели и животна приказна беа инспирација за еден холивудски блокбастер...
Објавено на 13.06.2021 - 09:00

Pages