Покрај уредите за подобрена и виртуелна реалност, плановите на Apple вклучуваат и сопствен виртуелен свет. Следната година Apple планира да претстави целосно нов производ, со кој го започнува својот налет на пазарот за кој многумина веруваат дека ја претставува иднината на компјутерите и начинот на кој го користиме интернетот. Станува збор за очила/уреди за проширена и виртуелна реалност, а планот на Apple за следните неколку години наводно вклучува дури три такви уреди.
Прошетка низ кампусот на Епл Парк со користење на сега достапниот софтвер за подобрена реалност на iPad
Она што досега се знае за првиот гаџет, којшто очекуваме да се појави на почетокот од следната година, е дека ќе претставува моќен хардверски уред, опремен со М2 чип, дека ќе има десетина камери лоцирани внатре и надвор од уредот, екрани со висока резолуција и, се разбира, висока, висока цена. На пазарот би се појавил како Reality One или Reality Pro, а доколку се точни гласините за цената, тогаш јасно е дека ќе биде наменет само за оние со подлабок џеб, со оглед на тоа што цената што се спомнува е во распод од две и три илјади американски долари.
Но, за ваквите очила да им бидат интересни на корисниците, неопходно е да им се понуди квалитетна и атрактивна содржина во која ќе можат да уживаат носејќи го нивниот скап гаџет. Токму затоа Apple размислува за развој на сопствен виртуелен свет.
Како изгледа мултитаскингот со Meta Quest Pro
Информациите за плановите на Apple беа откриени благодарение на огласите за работа кои вклучуваат софтверски инженери со искуство во визуелни ефекти и игри, кои можат да креираат дигитална содржина за зголемена и виртуелна реалност. Исто така, како што објавија на Блумберг, овие најави укажуваат дека компанијата сака да создаде специјален видео сервис со 3Д содржина наменета за репродукција во виртуелниот свет. Но, најинтересниот оглас за работа е за програмери кои ќе работат на развивање алатки за „поврзани искуства во 3D светот на мешаната реалност“. Така, можеме да очекуваме некој вид на виртуелен свет на Apple кој би можел да се натпреварува со метаверзумот на Цукерберг.
Треба да се нагласи дека Apple постојано го критикуваше метаверзумот и не сака нивниот виртуелен свет да биде поврзан со него, а какви сè можности ќе има и со што ќе се разликува од светот на Мета, ќе дознаеме во (блиска) иднина.