Омнибус
Платежните картички веќе одамна си најдоа и го зацементираа своето место во секојдневието на најголемиот дел од луѓето во светски рамки, а и во Македонија како дел од светот. Употребата на картичките доживеа особен бум од почетокот на пандемијата поттикната со продолжениот престој дома и експлозијата на купувања и нарачки преку интернет. Тука ќе накусо ќе се запознаеме со платежните картички и како да се грижиме за нив.
Објавено на 29.06.2021 - 13:45

Екологија
Компанијата за енергетска транзиција во Велика Британија, Storegga Geotechnologies, и канадската компанија Carbon Engineering која има повеќе проекти за отстранување на јаглеродот од воздухот, се здружија за изградба на објект за директно “заробување” на воздухот (Direct Air Capture – DAC) во Шкотска. Тековните планови предвидуваат изградба на објект што ќе може да извлече околу 1 милион тони јаглерод од воздухот секоја година (еквивалентно на “работата” на 40 милиони дрвја) и да го складира под морето. Двете компании ги претставија своите планови на нивните веб-страници.
Објавено на 29.06.2021 - 12:00

Информатика
Експанзијата и развојот на информатичките и телекомуникациските технологии мошне бргу најдоа примена и во системот на здравствената заштита, унапредувајќи ја самата здравствена пракса. Медицинската информатика, со својата специфична подгранка – стоматолошка информатика, се занимава со развојот, примената и евалуацијата на информациската технологија во медицината и стоматологијата, односно со решавање на проблемите кои се во врска со информациите и комуникацијата во здравствената заштита.
Објавено на 28.06.2021 - 17:00

Индустриски дизајн
Концепт системите за автономни возила секојдневно напредуваат, па не е воопшто за чудење што сега, благодарение на работата на инженерите од Хуавеи, го имаме и првиот “самовозечки точак” што може да се движи самостојно, без возач.
Објавено на 28.06.2021 - 12:30

Медицина
Доколку не знаевме за потенцијалната, но многу реална опасност од Делта сојот на корона вирусот, само со анализирање на дијаграмите на дневниот број на случаи наскоро би можеле да прогласиме победа.
Објавено на 27.06.2021 - 14:15

Биологија
Кога зборуваме за нашите сетила честопати се концентрираме на оние кои ни го откриваат надворешниот свет во сета негова чудесија – пукотот на грмотевицата, мирисот на шарените цвеќиња... Но, нашите тела имаат и цела мрежа внатрешни сетила кои го информираат мозокот дали, на пример, срцето чука во правилен ритам или дали крвниот притисок е помал или поголем од нормалниот.
Објавено на 25.06.2021 - 19:00

Омнибус
Во следните редови одбележуваме 30 години од кога CBS го претстави сопственото решение за телевизија во боја, 154 години од патентот за бодликава жица, 23 години од денот кога за малку ја изгубивме сончевата опсерваторија SOHO и 24 години од сударот на карго бродот Прогрес со вселенската станица Мир...
Објавено на 25.06.2021 - 18:30

Екологија
Во текот на изминатите десетина денови се интензивираше чистењето на Преспа во рамките на кампањата “Чиста Преспа, моја Преспа”.
Објавено на 25.06.2021 - 17:30

Роботика
На почетокот од 2020 година компанијата Nuro, која се бави со производство на автономни возила, добила дозвола да ги тестира нејзините први беспилотни возила наменети за достава. По нешто повеќе од една година проектот сè уште напредува, па се чини дека автономните роботи веројатно ќе станат курири на иднината.
Објавено на 25.06.2021 - 13:15

Омнибус
Во следните редови ги славиме родендените на американскиот физичар и нобеловец Мартин Перл, и на англискиот астроном и математичар сер Фред Хојл. Денес го одбележуваме и првиот падобрански скок од екстремна висина и регистрирањето на еден “лунотрес”...
Објавено на 24.06.2021 - 16:45

Pages