Рубрика: Информатика
Недела на Семос Академии – IT Career Day
Објавено на 01.02.2023 - 10:15

На 6 февруари во 18 часот, во рамките на настанот IT Career Day, Семос Академиите ги отвораат вратите виртуелно, за квалитетна едукација и старт на меѓународна кариера за сите заинтересирани низ цела Македонија.

Семос нуди едукација за повеќе профили од ИТ индустријата:

• Microsoft Data Scientist
• Software Tester by ISQI
• JavaScript developer на web апликации (програма акредитирана од МОН)
• UX/UI Designer (програма акредитирана од МОН)
• Unity Game Developer

Доколку размислувате за кариера во IT индустријата ‘пикирајќи’ (засега) на најмалку една од понудените IT професии, секако не го одминувајте онлајн отворениот ден, каде ќе ги дознаете сите детали и придобивки од студирањето на Семос Академиите.

Студиите започнуваат во март, а ‘вооружени’ со знаење веќе од септември може да започнете со нова кариера.
Ако понудата ви изгледа примамлива, тогаш сè што треба да направите за да добиете повеќе информации  околу обуката и условите во Семос Академиите е да ја пополните формата и да го резервирате вашето место на следниов линк: https://forms.office.com/e/YRvKpnnRxF

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: