Биологија
Најраширениот инсект во светот, а најверојатно и најомразениот е бубашвабата. Овие инсекти настанале пред околу 300 милиони години и денес се познати околу 3.500 вида. На пример, во САД се познати 55 вида. Верни сопатници на човекот низ вековите, му ја користат и загадуваат храната, го вознемируваат преку ноќ, со омраза ги гледа како претрчуваат брзо преку собите кога ќе ја запали светилката. Се јавуваат во голем број преку лето, излегуваат од каналите, отворите за вентилација, се шетаат меѓу убаво измиените садови, се кријат во корпите за леб. Со доаѓање на зимата ги снемува и токму кога ќе помислите дека сме ги уништиле, тие се појавуваат повторно и сè започнува од почеток.
Објавено на 09.08.2019 - 12:30

Информатика
Ученичката Ана Марија Атанасовска од средното училиште “Раде Јовчевски Корчагин“ го освои второто место на светскиот натпревар Microsoft Office Specialist што оваа година се одржа од 28 – 31 јули во Њујорк, САД. Со ова Македонија го направи најголемиот успех досега на овој престижен светски шампионат. Microsoft Office World Championship е најголемиот IT натпревар во светот и вклучува повеќе од 850000 учесници од цел свет. Притоа учесниците се натпреваруваат во повеќе категории, поделени според апликациите на Microsoft Office– PowerPoint, Excel и Word.
Објавено на 08.08.2019 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Собирање и испраќање на примероците во орбитата на Марс (уметничка визија)
Црвената планета, Марс, отсекогаш била предизвик за астро-научниците и до денес, покрај Земјата, таа е најистражувана планета во Сончевиот систем. Како натамошен најлогичен истражувачки чекор се наметнува мисијата за донесување на Земјата примероци од Марсовата површина, со оглед на тоа дека тие ќе можат многу попрецизно да се анализираат во постоечките лаборатории на Земјата, особено гледано од биолошки аспект. Во споредба со тоа што можеше досега да се изврши директно во роверите спуштени на Марс. Во таа насока, планирана е реализација на заедничка мисија на Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА, со цел некаде во 2031 година да се донесат на Земјата примероци од Марс. Мисијата е наречена Mars Sample Return, а се состои од вкупно три етапи. Шематскиот приказ на мисијата е покажан на сликата во прилог, па ќе го објасниме во најкуси црти!
Објавено на 07.08.2019 - 12:45

Информатика
Самсунг Електроникс го претстави Galaxy Watch Active2, најновиот додаток на портфолиото паметни часовници од брендот Самсунг Галакси. Уредот содржи нови, интуитивни и рафинирани функции што допринесуваат лесно да се вклопи во животниот стил на корисниците, притоа помагајќи им да ги унапредат своите здравствени и велнес-цели, како и непрекинато и вмрежено секојдневие.
Објавено на 06.08.2019 - 11:15

Аеронаутика
Четириесетгодишниот Французин Френки Запата вчера (4.8.2019 г.) го прелета Ламанш со помош на својата летачка штица (флајборд, flying board). Потфатот беше остварен во вториот обид да го прелета Ламанш. Притоа тој полета од местото Сангат во близина на Кале, на северот на Франција и, по кратка пауза за полнење гориво некаде на половина пат, успеа да го помине теснецот, по што слета во Сент Маргаретс Беј, близу Довер.
Објавено на 05.08.2019 - 18:00

Телекомуникации
Како член на Меѓународната раиоаматерска унија (ИАРУ), Радиоаматерскиот сојуз на Македонија (РСМ) редовно ги следи и партиципира во програмите и акциите на ИАРУ, особено во оние наменети за младите радиоаматери како што се YOTA (Youngsters On The Air), YCP (Youth Contesting Program) и Kids Day. РСМ...
Објавено на 05.08.2019 - 13:15

Информатика
Galaxy Tab S6 го збогатува мобилното искуство со тоа што им овозможува на луѓето да ги изразат нивните идеи и да завршат повеќе работа.
Објавено на 01.08.2019 - 10:30

Архитектура и градежништво
Најновата мисловна провокација на тема архитектура доаѓа од Менхетен. Предложениот проект, кој засега постои само на ниво на концепт, претставува облакодер во вид на непрекинат лак, којшто доминира над сите други, не во висина, ами во должина.
Објавено на 31.07.2019 - 12:30

Геодезија
До 1999 година, кога со најсовремени методи и инструменти се измерени 5892.5 метри, официјалната висина на килиманџаро беше онаа од 1952 година - 5895 метри. Дали Kилиманџаро се смалил за 2,5 метри?
Објавено на 30.07.2019 - 11:15

Медицина
... барем кога се во прашање, клетките на живи глувци
Објавено на 29.07.2019 - 10:30

Pages