Телекомуникации
Стручната литература на македонски јазик посветена на радиоаматерството се збогатува со уште едно вредно дело. Деновиве од печат излезе книгата „Радиоаматерството во Македонија – развој, криза, нов почеток“, од авторот Владимир Ковачески (Z35M).
Објавено на 06.05.2026 - 18:15

Астрономија и астронаутика
Ниту еден досегашен доказ не укажува кон тоа дека во Сончевиот систем е пронајдена вонземска технологија. Нема потврден артефакт на Месечината, нема сонда скриена меѓу астероидите, нема сигурна трага од интелигентна вонземска посета на Земјата. Тоа е почетната точка без којашто оваа тема бргу се сведува на митологија. Сепак, другото прашање останува научно дозволено: дали воопшто доволно добро го пребарувавме нашето сопствено космичко соседство за да може со сигурност да кажеме дека нема такви траги?
Објавено на 06.05.2026 - 17:00

Информатика
Институтот за компјутерски технологии и инженерство (КТИ) при ФЕИТ, во соработка со средните училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“ од Скопје, на 27.4.2026 година во лабораторијата за производство – ФЕИТ ФАБЛАБ, организираше и успешно ја реализираше работилницата на тема: „Како учат компјутерите? Едукативна работилница за вештачка интелигенција и машинско учење“.
Објавено на 05.05.2026 - 16:15

Екологија
Според истражувањето спроведено од Wired, единаесетте нови податочни центри коишто се во изградба, наменети за ОпенАИ, Мета, ЕксАИ и Мајкрософт, значително ќе ги зголемат емисиите на стакленички гасови.
Објавено на 05.05.2026 - 15:45

Телекомуникации
HD радиото (кратенка аналогна од ТВ со висока дефиниција – HD TV) е дигитална радиотехнологија што ги подобрува традиционалните AM/FM емитувања со појасен звук без статички електрицитет (речиси со CD квалитет на FM, а AM звучи како денешниот FM), дополнителни подканали (HD2, HD3, итн.) за повеќе содржини и услуги за податоци како наслови на песни, информации за изведувачите и итни известувања, сите преку постојните фреквенции без потреба од посебна претплата. Тоа е дигитална надградба што го одржува аналогното радио во функција, нудејќи побогат звук.
Објавено на 04.05.2026 - 14:45

Колумна
Веќе два месеца првите вести се однесуваат на цената на нафтата бидејќи таа секојдневно се менува во зависност од изјавата на Доналд Трамп за тековниот ден. А тој изјавите ги менува речиси секој ден. Се сеќавате, два дена по нападот на САД и Израел врз Иран, Трамп изјави дека Иран е поразен, воените ресурси му се уништени, водечките политички и воени лидери беа ликвидирани и треба само формално да се склучи нешто како мировен договор. Но, ситуацијата стана сложена и до ден денес таа е неизвесна.
Објавено на 02.05.2026 - 16:15

Информатика
Во ера на вештачка интелигенција и глобална доминација на големите јазици, прашањето за опстанокот на малите јазици повеќе не се решава само во училниците, туку и во домен на кодот. Денес јазикот претставува дигитален ентитет – податок, алгоритам и жив код што мора да се прилагоди за да опстане. Прашањето веќе не е само како го зборуваме јазикот дома, туку како тој „живее“ во дигиталниот простор. За македонскиот јазик да биде релевантен, тој мора да биде присутен, функционален и лесно достапен на секој уред.
Објавено на 30.04.2026 - 18:15

Биологија
Во длабочините на океаните живее едно од најзагадочните суштества на планетата – октоподот. Со своите осум пипала, камуфлажни способности и изненадувачка интелигенција, тој одамна го привлекува вниманието на научниците. Но, едно прашање останува отворено: дали неговиот мозок функционира на начин сличен на човечкиот или претставува сосема поинаков пат до интелигенција?
Објавено на 30.04.2026 - 15:30

Информатика
Кога синтагмата 'вештачка интелигенција' ќе се спомeне на деловен состанок во Македонија, речиси секогаш реакциите се исти: скептицизам, незаинтересираност или директно отфрлање. " Тоа е за големите компании ", " премногу е скапо ", " не знам да го користам " – ова се најчестите реакции. Но, реалноста не само што е поинаква, туку е и поблиска до секојдневниот живот отколку што повеќето луѓе мислат.
Објавено на 29.04.2026 - 17:45

Роботика
Со финалниот натпревар во шест различни категории кој се одржа во Факултетот за електротехника и информациски технологии, во саботата (25 април 2026), заврши овогодинешното издание на RoboMac.
Објавено на 29.04.2026 - 17:30

Pages