Рубрика: Геологија
Големите крајбрежни градови тонат од сопствената тежина
Објавено на 10.03.2021 - 16:15

Покачувањето на нивото на светските мориња не е единствената опасност со којашто се соочуваат големите крајбрежни градови. Според една неодамнешна студија, мегалополисите изградени на бреговите тонат поради нивната огромна тежина, што, погодивте, дополнително ја влошува ситуацијата.

Том Парсонс, геофизичар во Геолошкиот институт на САД (USGS), го проучувал градот Сан Франциско и открил од неговото формирање градот пропаднал за цели осум сантиметри! Ова не е малку, особено ако се земе предвид фактот дека, според научниците, до 2050 година нивото на морето во тоа крајбрежно подрачје ќе порасне за околу триесетитна сантиметри.

Парсон направил листа од сите згради во Сан Франциско кои се наоѓаат долж крајбрежјето, област во којашто живеат речиси 8 милиони луѓе, и ја проценил вкупната тежина на зградите и нивната содржина: 1,6 милијарди. Ако сакаме да направиме споредба со некој горе-долу познат предмет, споменатата тежина би била еквивалентна со тежината од 8,7 милиони авиони од типот Боинг 747!

Пресметаната еластична компресија на површината, на околу 5 км длабочина и очекуваните промени

Според истражувачот, оваа тежина е сосема доволна за да предизвика набивање на литосферата, горната тврда карпеста обвивка на Земјата, а истовремено доволна и да ги намали нивоата на раседот на којшто се потпира градот. Притоа Парсонс посочил дека проценката на тежината не е најпрецизна, со оглед на тоа што во оваа бројка не е земена предвид вкупната тежина од другите придружни фактори –транспортните средства, инфраструктурата, итн.

Моделот од Сан Франциско со соодветни прилагодувања може да се примени на сите градови во светот, особено на оние распослани во крајбрежните зони, а кај коишто ризикот од тонење е поголем. Ова се должи на тоа што во внатрешните континентални области литосферата е подебела и покрута. Моделот е сè уште грубо пресметан и може да се збогати со бројни променливи фактори. Една од овие променливи може да биде, на пример, различниот геолошки состав на тлото во различните населени зони во рамките на истиот мегалополис.

Сепак, се чини дека првичните резултати од истражувањето се доволно точни за да се укаже на тоа дека научниците треба да ја земат предвид и тежината на градот како еден од податоците при моделирањето на различните сценарија за влијанието на покачувањето на нивото на светските мориња во крајбрежните зони.

Следен чекор на Парсонс е зголемување на прецизноста на неговите пресметки со внесување на дополнителни податоци добиени со набљудувања од воздух и од сателити.

Клучни зборови:
Пресметаната еластична компресија на површината, на околу 5 км длабочина и очекуваните промени

(a) Пресметаната еластична компресија на површината предизвикана од објектите (b) Промената на диференцијалниот напон на 5,5 км длабочина (c) Дилатацијата на 5,5 км длабочина. Очекуваните промени се прикажани со црни стрелки. (d) Модел на еластична компресија предизвикана од резервоар за вода.