Рубрика: Омнибус
Кого љубиш до Месечината и назад?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 12.03.2021 - 17:00

Под мотото “Кого сакаш до Месечината и назад?” светски познатата компанијата за испорака на пратки на меѓународно ниво, ги поканува сите да учествуваат во нивната прва официјална испорака на пратка до Месечината.

Доставата до Месечината како за првпат е бесплатна, сè што треба да направите е селфи со вашата сакана личност, а од DHL ќе се погрижат овој ваш спомен да отпатува во вселената. Може да се фотографирате со вашата друга половина, со вашите пријатели, горди родители или, зошто да не и со вашите миленици. Може да се фотографирате со буквално секој што сака секогаш кога ќе погледне во небото исполнтето со ѕвезди да се сети дека и тој е дел од нив, виртуелната разгледница од DHL e прекрасен начин за да му покажете некому колку го сакате.

За да ја искористите оваа можност сè што треба е да отидете на сајтот на DHL креиран специјално за оваа намена inmotion.dhl/en/moon/ , изберете го копчето take part, одберете ја фотографијата што сте ја подготвиле за оваа прилика, испишете ја вашата порака до саканата личност и внесете ги вашите имиња. DHL ќе се погрижи за останатото, вклучувајќи ги и месечевите поштенски марки :)
Виртуелните пораки до Месечината ќе бидат испратени во текот на оваа година, па така ако сакате да ја искористите оваа можност, побрзајте!

Клучни зборови: