Роботика
Пред Националниот оркестар на Кореја во Сеул неодамна застана еден мошне необичен диригент – робот. Хуманоидниот робот EveR 6 се поклонил кон публиката и започнал да диригира, контролирајќи го темпото на концертот што бил изведуван во живо.
Објавено на 28.09.2023 - 14:00

Архитектура и градежништво
После дискусијата со еден градежен инженер, како и врз основа на изјавата на еден владин чиновник дека „ не треба да не засега колку Грците ќе ги чини изградбата на браната на ПАХЕ Чебрен “, ќе се обидам да најдам одговор зошто цената на изградбата е двојно повисока отколку проценката на ЕСМ.
Објавено на 28.09.2023 - 13:30

Информатика
Денес, 27 септември 2023 година, Google го слави својот 25-ти роденден. Ова е очебијно и од цртанката посветена на денот кога во 1998 година основачите на компанијата, докторантите Сергеј Брин и Лери Пејџ, ја основаа нивната оперативна база, првата канцеларија на Google, во изнајмена гаража.
Објавено на 27.09.2023 - 17:15

Информатика
Во петок, 29 септември, во просториите на Netaville во Скопје ќе се одржат 3 предавања за уметноста во видео игрите насловени како GAME ART @ SKOPJE. Повод за овој настан е првото гостување на Serbian Games Association (SGA) во Македонија како дел од нивната регионална турнеја. Тие би сакале на македонската публика да им ја прикажат креативноста и значењето на уметноста во игрите, бидејќи во гејминг индустријата најголема е побарувачката за артисти – 2D арт, 3D арт, концепт арт, илустратори, аниматори, арт директори и уште многу други работни места.
Објавено на 27.09.2023 - 12:15

Енергетика
Во претходните написи – ПАХЕ „Чебрен“ е потреба, но дали под овие услови? и За енергетскиот суверенитет на Македонија, ја анализиравме важноста на пумпно-акумулационата хидроелектрана (ПАХЕ) „Чебрен“ за акумулирањето на енергија од фотонапонските (ФН) електрани, направивме приближна проценка на цената на складирање на енергијата, ги разгледавме нашите опции за справување со електроенергетската криза во иднина во контекст на скорото престанување со работа на електраните на јаглен, како и централното место што во новиот електроенергетски систем би го имала ПАХЕ „Чебрен“ во спрега со идните ФН електрани.
Објавено на 27.09.2023 - 01:00

Информатика
Соња Николовска Евтимовска, територијален менаџер за продажба за Македонија, Косово и Албанија и Ивана Србиновска, продукт-менаџер
Втората годишна конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“ („Ingram & Vendors Networking #2“) постигна огромен успех, собирајќи во Охрид преку 100 експерти од ИТ-секторот од Македонија, Албанија и Косово. Во текот на дводневната конференција, експертите говореа за идниот развој на технологиите – кибер безбедноста, за ransomware (уценувачки софтвер) и виртуелизацијата, кои ја поместуваат ИТ-индустријата кон посигурна и безбедна средина за управување со податоци.
Објавено на 26.09.2023 - 17:00

Екологија
Данската компанија Lego го суспендираше проектот за производство на популарните коцки од рециклирани материјали односно од пластични шишиња за пијалоци наместо како замена за вообичаената пластика што ја користат, а која се добива од нафта. Според соопштението за јавност, компанијата се решила на овој потег поради тоа што процесот на реупотреба на ПЕТ (PET) амбалажата не донел никакви промени во поглед на јаглеродните емисии што се испуштаат при целокупната изработка на производот.
Објавено на 26.09.2023 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Површината на Јупитеровата месечина Европа снимена со инструментот NIRCam на вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА.
Јупитеровата месечина Европа е еден од ретките светови во нашиот Сончев систем со услови погодни за потенцијален развој на живот. Претходните истражувања веќе покажаа дека под кората на водениот мраз се крие солен океан од течна вода со карпесто дно, налик на земските поларни океани. Меѓутоа, планетарните научници сè уште не беа сигурни дали во овој океан се присутни сите хемиски состојки неопходни за живот, а особено дали има јаглерод. Сега, користејќи ги податоците од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, астрономите детектираа присуство на јаглерод диоксид во одреден регион на ледената површина на Европа. Дали е ова знак дека во океаните под површината постои живот сличен на земскиот?
Објавено на 25.09.2023 - 15:00

Информатика
Веројатно барем еднаш сте се поврзале на Интернет во трговски центар или хотел, од деловни или приватни причини, без да размислувате дали тоа ги загрозува вашите приватни податоци. Но, тоа спојување во никој случај не е безопасно. Денес безжичниот интернет е присутен насекаде, речиси во сите угостителски објекти, дури и во кафулињата и рестораните каде што често престојувате. Додека го читате весникот на телефон и го пиете првото утринско кафе во барот – можеби хакерот ве „гледа“.
Објавено на 25.09.2023 - 13:30

Архитектура и градежништво
Реал Мадрид, најуспешниот фудбалски тим во историјата, наскоро ќе може да се пофали и со титулата клуб со најмодерен стадион на планетата. Подвижен покрив, тревен терен на одлагање, џиновски 360° ротирачки екрани... Супер хај-тек стадионот Сантијаго Бернабеу наскоро ќе биде претставен пред светот.
Објавено на 22.09.2023 - 13:45

Pages