Рубрика: Омнибус
Авенга академи организира „Challenge Day“: Стипендии во вредност од 100 000 евра за идните ИТ професионалци
Објавено на 17.06.2025 - 20:45

Авенга академи, еден од водечките центри за практично ИТ образование во земјава (поранешен Seavus Education and Development Center), на 14 јуни, сабота, ќе го организира годишниот настан Challenge Day – уникатна можност за сите кои сакаат да започнат или унапредат кариера во ИТ секторот.

Настанот ќе се одржи паралелно во просториите на Авенга академи во Скопје и Охрид, од 11:00 до 14:00 часот, и е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на програмите што академијата ги нуди – меѓу кои Sales, UI/UX Design, Digital Marketing и Software Testing.

Во рамките на Challenge Day, кандидатите ќе имаат можност да учествуваат во селекциски тест на лице место, со кој ќе се вреднуваат нивните предзнаења и потенцијал. Најуспешните ќе добијат стипендии во вредност до 70% од школарината, како дел од севкупниот стипендиски фонд од 100.000 евра.

По завршувањето на селекцискиот дел, следува неформален дел од програмата: музички сет во живо, вкусни бургери и пијалоци, како и мотивациска зона PROcharge, организирана во соработка со ProCredit Bank – атмосфера која инспирира, опушта и мотивира.

Секој кандидат може да аплицира само за една академија преку е-пошта academy@avenga.com, контакт телефони 075 334 547 (Скопје) и 078 341 777 (Охрид).

--- промотивна објава ---

Клучни зборови: