Аеронаутика
Оваа година се навршуваат точно 100 години од основањето на Аероклубот Скопје. По тој повод овој викенд, поточно утре во сабота на 16 септември, на спортскиот аеродром Стенковец во непосредна близина на Скопје, клубот организира голем аеромитинг на кој учество ќе земат не само членовите од аероклубот и клубовите во Македонија, туку и пријателите на македонското воздухоппловство од регионот и пошироко.
Објавено на 15.09.2023 - 12:15

Екологија
Глетка кон Преспанското Езеро од падините на планината Баба над селото Сливница
Денеска беше пробиен претходниот, многугодишен минимум на нивото на Преспанско Езеро. Не само што беше пробиен, туку брзината на намалување на нивото е поголема отколку во претходните неколку години, како што се гледа од стрмините на портокаловите линии на трендот.
Објавено на 14.09.2023 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Тим истражувачи откри фрагменти од метеор што паднал во Пацификот во 2014 година. Нивните првични анализи потврдуваат дека објектот потекнува од друг сончев систем.
Објавено на 14.09.2023 - 15:30

Метеорологија
Појавата на разорни поплави ширум Европа, Јужна Америка и Африка е сѐ почеста, па научниците го свртија вниманието кон изнаоѓање начини за што побрз систем за предупредување, што би придонело за побрза реакција на соодветните служби и ублажување на последиците од природните непогоди.
Објавено на 14.09.2023 - 13:45

Омнибус
Вчера, 12 септември, со дегустации на македонски вина и храна, тимот на ВИНОПЕДИА стартува серија настани чијашто цел е промоција на изработката на првата винска енциклопедија. Македонија е прва земја на Балканот во која на иницијатива од приватниот сектор е започната подготовка и создавање на македонска винска енциклопедија Винопедиа (анг. Vinopedia), која ќе биде достапна и на македонски и на англиски јазик, во дигитална и во печатена форма. Како што откри Здравко Јосифовски, од тимот на Винопедија, печатеното издание од винската енциклопедија е планирано треба да стане достапно напролет во 2024 година, додека електронското издание на енциклопедијата, најавено за ноември, е веќе во предпродажба на Amazon.
Објавено на 13.09.2023 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Ѕвезденото јато Хијади
Во трудот објавен во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, тим астрономи навести за можно присуство на црни дупки во нашето соседство. Објектите се веројатно сместени во ѕвезденото јато Хијади (Hyades). Доколку нивното постоење биде потврдено, тие би биле најблиските црни дупки до Земјата – оддалечени само 150 светлосни години.
Објавено на 13.09.2023 - 12:45

Екологија
Еден од најинвазивните видови во светот – црвената огнена мравка, има воспоставено колонии во Европа, предупредуваат научниците. Мравите со латинско име Solenopsis invicta се агресивен вид со потекло од Јужна Америка, но во текот на минатиот век нивното “царство” постепено се прошири и надвор од родните краеви во Бразил, Аргентина и Перу. Огнените мрави денес можат да се најдат во Северна Америка, Азија и ширум Океанија, а сега и во Европа.
Објавено на 12.09.2023 - 16:30

Информатика
За Udemy онлајн платформата за учење и настава сигурно сте слушнале. Основана е во мај 2010 година од Ерен Бали, Гаган Бијани и Октај Чаглар, на Udemy може да се најдат и широк спектар на бесплатни онлајн курсеви меѓу кои и курсеви за користење на вештачка интелигенција.
Објавено на 12.09.2023 - 10:45

Екологија
Според тим од британски и мексикански истражувачи, еко-туризмот може да го промени однесувањето на кит-ајкулите. Студијата објавена во Scientific Reports, вели дека кит-ајкулите (Rhincodon typus) се однесувале повознемирено во присуство на нуркач околу нив.
Објавено на 11.09.2023 - 12:30

Научна фантастика
Додека ние чествуваме Ден на независноста на Македонија, гиковите и сај-фај нердовите денес го одбележаа денот на Ѕвездени патеки – Star Trek Day. Имено, на денешен ден, пред точно 57 години оригиналната серија Ѕвездени патеки дебитираше на малите екрани со “Каде ниту еден човек не бил порано”.
Објавено на 08.09.2023 - 22:30

Pages