Астрономија и астронаутика
Вчера, помошните мотори од вселенскиот телескоп Веб беа активирани во траење од речиси пет минути (297 секунди). Со ова беше направена последната корекција на курсот на Веб по лансирањето, и телескопот беше поставен на средината од патеката што го вметнува Веб во орбита околу втората Лагранжова точка Сонце-Земја (L2), на оддалеченост од околу 1,5 милиони километри од Земјата.
Објавено на 25.01.2022 - 15:15

Електроника
Институтот за микроелектроника (IME) при Агенцијата за наука, технологија и истражување (A*STAR) ) од Сингапур и фирмата за полуспроводнички материјали Soitec од Франција најавија најавија соработка чијашто цел е развој на следната генерација од SiC (Silicon Carbide) полуспроводнички склопови за напојување на електрични возила и на напредни електронски високонапонски уреди. Во рамките на соработката, секоја од страните ќе ги користи веќе проверените технологии на Soitec, како Smart Cut, но и пилот-производната линија на IME со цел да создадат 200 mm SiC полуспроводнички подлоги.
Објавено на 25.01.2022 - 13:15

Медицина
Во неколку земји карантинот за лицата позитивни на ковид е намален, иако омикрон сојот го достигнува пикот на вирусно оптоварување токму на петтиот ден. Заразата со омикрон сојот пламна како шумски пожар, но очигледно е дека полесната форма со која ковидот најчесто се манифестира кај вакцинираните луѓе придонесе многу земји да ги релаксираат правилата за карантин. Дали овие одлуки се основани од научна гледна точка? Краткиот одговор е: веројатно не. Ајде да разгледаме зошто е тоа така.
Објавено на 24.01.2022 - 14:45

Информатика
Едно од сериозните прашања на кое ќе се посвети големо внимание (особено оваа година) е прашањето на здравствената ИТ безбедност. Несовесните кибер криминални групи, со цел да се стекнат со податоци што би ги тргувале на илегалните пазари или би ги користеле за уцени, не се двоумат да ги загрозат дури и животите на луѓето. Што велат добиените податоци?
Објавено на 21.01.2022 - 17:15

Медицина
Иако изминаа нешто повеќе од сто и педесет години откако францускиот невролог Жан-Мартен Шарко за првпат ја препозна мултиплекс склерозата (МС) како засебна болест кај млада жена со необичен тремор, причинителот за оваа погубна болест остана непознат... сè досега. Барем вака сметаат истражувачите кои ги анализираа податоците од редовните тестови на крвта на 10 милиони американски војници, по што го најдоа засега најсилниот доказ дека инфекцијата со обичен вирус, Епштајн-Бар вирусот (ЕБВ), драматично ги зголемува шансите лицето да ја развие ретката болест.
Објавено на 21.01.2022 - 14:00

Медицина
За благодатите од пиењето кафе сме пишувале повеќепати. Сега на овие добри работи можеби ќе може да се додаде и следнава: Поголемото консумирање кафе е поврзано со помал ризик од рак на ендометриумот, вид на рак кој ја зафаќа слузницата на матката.
Објавено на 20.01.2022 - 16:45

Хемија
Уметничка визија за процесот на рентгенска кристалографија
Како знаеме дека структурата на ДНК претставува двојна спирала или дека шилестите протеини од коронавирусот навистина имаат облик на шилец? За ова може да и заблагодариме на една испробана микроскопска техника – рентгенската кристалографија. А група американски научници штотуку изнајде начин како оваа техника да ја направат уште поефективна. Нивната метода е опишана во трудот објавен деновиве во Nature.
Објавено на 20.01.2022 - 14:00

Климатологија
Во четвртокот американската агенција National Oceanic and Atmospheric Administration (NOAA), го презентираше годишниот извештај. Најновите податоци ја ставаат вo полн фокус глобалната климатска криза со податокот дека последниве девет години, од 2013 до 2021 година, се рангирани меѓу 10-те најжешки досега.
Објавено на 17.01.2022 - 15:30

Медицина
Времето од отворање до затворање на случаите моментално изнесува просечно само 10 дена и најкратко е од почетокот на епидемијата до денес (на првиот дијаграм). Тоа значи дека најголем дел од случаите, можеби и над 90%, се асимптоматски. Да се потсетиме, асимптоматските случаи автоматски се затвораат после 10 дена, а симптоматските после 21 ден. Но, можно е времето до затворање дополнително да било скратено, за да нема трупање на активните случи, но исто така за да смеат инфицираните да одат на работа.
Објавено на 16.01.2022 - 22:30

Биологија
Историјата на животот на Земјата бележи пет пати настани на масовно исчезнување на биолошката разновидност. Сите од нив биле предизвикани од екстремни природни феномени. Денес, многу експерти предупредуваат дека во тек е Шестата масовна криза, овојпат целосно предизвикана од човечки активности.
Објавено на 14.01.2022 - 16:45

Pages