Рубрика: Информатика
КАБТЕЛ со награда од конференцијата за кибер безбедност RISK 2022
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 29.07.2022 - 14:30

На една од најголемите конференции за безбедност во регионот  – RISK 2022 во Словенија, КАБТЕЛ се стекна со уште една награда на полето на ИТ безбедноста .

Водењето бизнис во модерното време има свои предизвици, бара секојдневни жртви и континуирано прилагодување кон постојано растечките безбедносни закани. Со цел да овозможи полесно справување со овие предизвици, КАБТЕЛ проектира и имплементира интегрирани, слоевити custom – made безбедносни решенија од етаблирани брендови во сферата на кибер безбедноста, за раст и непрекинат континуитет на своите клиенти.

Регионалната конференцијата Risk, позиционирана како главен настан за учество на безбедносната заедница во Југоисточна Европа, и годинава се одржа во Словенија на 1 и 2 јуни. Конференцијата опфати повеќе ИТ теми, како што се Security Service Edge, Endpoint, Network & extended detection and response, DDoS Protection, Data Protection, Аttack Surface Management, Fraud Prevention, Privilege Management, User Behavior, Application Security, Analytics & Incident response, Security Operations, заштита на критичната инфраструктура итн.

На конференцијата за кибер безбедност, што ги има своите зачетоци уште од 2007 година, учествуваат главно компании од Adriatic регионот – Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија. RISK 2022 содржеше преку 50 сесии , повеќе од 600 присутни соработници од речиси сите вертикали, како што се владин сектор, финансии, банкарство, осигурување, како и луѓе од SMB бизнисите во регионот на Јадранот, кои имаат корист од размената на знаење и искуство со локални и меѓународни ИТ експерти, односно врвни специјалисти од различни области поврзани со интернет безбедноста во светот…

На конференцијата Risk 2022, на КАБТЕЛ Дооел и беше доделени награда REAL STAR – Best Partner Award на Real Security.

Reаl Security е компанија која нуди врвни технолошки решенија и како генерален увозник и дистрибутер во регионот на Јадранот, нуди висококвалитетни, сигурни и тестирани решенија од најпрепознатливите светски компании на полето на ИТ безбедноста, концентрирана на пазарниот сегмент на интегрирани безбедносни решенија за бизнисите, со сопствени и аутсорсинг експерти, кои обезбедуваат квалитетни консултации, дизајн, изградба и одржување на сложени компјутерски мрежи и софистицирани софтверски решенија.

Клучни зборови: