Историја и археологија
Ископувањата во Куева де Малалмуерсо
Некаде во времето на последниот глацијален максимум, пред околу 20 000 години, Европа била покриена со дебели ледени плочи. Во тоа време нивото на морето било повеќе од стотина метри пониско од денес. За да се заштитат од студените услови во западна Европа, луѓето од овој период живееле во карпести засолништа и пештери, а на една локација во близина на Гранада, Шпанија, археолозите ги откопале човечките остатоци што го обезбедија најстариот човечки геном регистриран во регионот.
Објавено на 08.03.2023 - 13:15

Автомобилска техника
Тешко, исклучително тешко е на полето на енергенсите на светски план, а особено во Европа. Политиката притиска и тоа со право. Имено, според плановите, до 2035 година сè треба да е подготвено за забрана на употреба на фосилните горива како погон на возилата. Научна фантастика или реалност? Во моментов никој не знае.
Објавено на 08.03.2023 - 09:45

Информатика
Некои популарни мрежи се одлучија за потези кои многумина нема да ги дочекаат со ентузијазам. Имено, се чини дека големите социјални мрежи би можеле бесплатно да почнат да ги наплаќаат услугите кои нивните корисници до сега ги користеле.
Објавено на 07.03.2023 - 16:15

Информатика
Новата дигитална платформа Leonardo//thek@ ја дава на увид на јавноста најголемата колекција трудови на Леонардо да Винчи – Codex Atlanticus, достапна за истражување.
Објавено на 07.03.2023 - 12:00

Електротехника
Не сите жени се исти! Водени од оваа мисла една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, по повод Меѓународниот ден на жената нуди уникатна промотивна акција посветена на сите храбри и непобедливи жени, сили, моќни и магични, кои вредно работат во домот, домашните работилници и градини.
Објавено на 06.03.2023 - 18:45

Астрономија и астронаутика
Минатата година бевме сведоци кога НАСА во соработка со Лабораторијата за применета физика при Универзитетот Џон Хопкинс намерно удри со летало во астероид оддалечен околу 11 милиони километри од Земјата. Сега, откако обемните податоци од овој експеримент беа темелно обработени, тие знаат дека би можеле повторно да го сторат истото, чин што би можел потенцијално да ја спаси Земјата.
Објавено на 06.03.2023 - 12:45

Аудио и видеотехника
Книгата Биографија на аналогниот магнетофон во редакцијата на Емитер
Како што веќе најавивме, од денес во е-продавницата на ЕМИТЕР стана достапно извонредното дело од областа на аудиотехниката „Биографија на аналогниот магнетофон“ од Вангел Башевски – Барми. Се работи за научно-популарно издание кое главно се занимава со историјата на аудиотехнологијата и музиката и е прво од таков вид во регионов.
Објавено на 03.03.2023 - 17:15

Историја и археологија
Меѓународен истражувачки тим открил претходно непозната комора во Кеопсовата пирамида во Гиза. Уште во 2016 година, мерењата дадоа причина да се претпостави постоењето на скриена шуплина во близина на камените блокови поставени над влезот. Научниците од Техничкиот универзитет во Минхен (ТУМ) се послужиле со ултразвук и ендоскопија за да придонесат кон потврдување на оваа претпоставка. Статусот на египетската пирамида како една од најдобро истражените структури во светот му дава особена важност на ова откритие.
Објавено на 03.03.2023 - 14:30

Климатологија
Источна Африка е многу посува од другите тропски копнени региони, вклучувајќи ги и дождовните шуми Амазон и Конго. Отсекогаш се сметало дека релјефот на Источна Африка го прави регионот сув и подложен на суши, но прецизниот механизам за оваа состојба досега не беше познат. Едно ново истражување покажува дека речните долини што се простираат од исток кон запад се клучен фактор за нискиот обем на годишни врнежи.
Објавено на 03.03.2023 - 13:15

Електроника
Поврзувањето на електронски модули сега станува детска игра. Еден меѓународен тим предводен од истражувачи од технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур (NTU Singapore), разви универзален конектор што го прави склопувањето на растегливите електронски уреди лесно како градењето со Лего коцки.
Објавено на 02.03.2023 - 14:15

Pages