Роботика
Група специјалисти за роботика предводена од професорот Рафаело Д'Андреа од Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих создадоа нов робот во форма на коцка што има способност да балансира, додека е поставен на работ од коцката, и да ги компензира надворешните нарушувања одржувајќи рамнотежа. Зошто роботот наречен Cubli е уникатен? За разлика од неговите претходници, за одржување на рамнотежата тој користи само едно реакционо односно моментум тркало.
Објавено на 15.03.2023 - 13:15

Електротехника
Зимскиот сон заврши и време е одново да започнете со работа во градината и домашната работилница, секако со вистинскиот алат. Сите домашни ентузијасти секако ќе ги израдува новата понуда од една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, кои продолжуваат со нови промотивни изненадувања.
Објавено на 14.03.2023 - 16:45

Информатика
Истражувачите од холандската компанија ThreatFabric забележаа нова верзија на банкарскиот тројанец Xenomorph Android, кој неговите креатори, Hadoken Security Group, го нарекоа „ Xenomorph 3-та генерација “.
Објавено на 14.03.2023 - 13:45

Психологија
Многу наши навидум незначајни избори откриваат поприлично за нас како личност. Психолозите веќе претходно открија дека оние кои посвојуваат куче имаат поинаква личност од оние кои сакаат мачки, па дури и претпочитањето на една раса наспроти многу други открива детали за личноста. Истото важи и за друштвените игри – оние кои уживаат во играњето “Monopoly” имаат различен карактер од оние кои претпочитаат да играат “Човече не лути се”. A сега, на ред дојде и вкусот за вино. Се чини дека и она што претпочитаме да го налееме во нашата чаша открива многу за тоа кои сме.
Објавено на 13.03.2023 - 12:45

Геологија
Па добро, не баш сега и веднаш, но... За отприлика неколку стотина милиони години, Источноафриканскиот расцеп (односно тектонскиот расед) конечно ќе се подели. Притоа во настанатата празнина ќе се изнедри нов океан што ефективно ќе ја подели Африка на два дела – сомалиската плоча од едната страна на океанот и нубиската од другата страна на океанот. По оваа поделба, моментално континенталните држави, како Замбија или Уганда, ќе станат крајбрежни, а сомалиската плоча ќе се издвои целосно како остров.
Објавено на 13.03.2023 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Доколку постоеше уште една каменеста планета помеѓу Марс и Јупитер, таа би ја исфрлила Земјата од Сончевиот систем, вели новата студија што ја истражува градбата на Сончевиот систем, откривајќи ја неговата кревка поставеност.
Објавено на 10.03.2023 - 13:45

Екологија
Големото загадување со тешки метали, ерозијата на крајбрежјето и навлегувањето на морската вода претставуваат егзистенцијална закана за делтата на реката Нил и изложуваат на опасност 60 милиони луѓе во Египет кои зависат од неговите ресурси за секој аспект од животот – откриваат резултатите од новото истражување спроведено од Витерби Факултетот за инженерство при Универзитетот на Јужна Калифорнија (УСЦ). Исто така, за птиците кои мигрираат делтата на реката Нил е критична попатна станица на нивното патување по источноафриканската рута.
Објавено на 10.03.2023 - 13:00

Омнибус
Ниту една технолошка револуција не донесе толку неочекувано брзи и радикални транзиции, како што тоа го направи дигитализацијата. Тоа суштински ги промени нашите животи, нашите преференци, нашите навики, а исто така и нашите можности. Дигитализацијата продолжува да се развива брзо, а веќе можеме да...
Објавено на 09.03.2023 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Како при колапс на гасниот облак се формира ѕвезда со диск околу неа, од која на крајот ќе се формира планетарен систем.
Користејќи го радиотелескопот ALMA (Големата милиметарска/подмилиметарска низа Атакама), астрономите открија вода во облик на гас во дискот од којшто ќе се изнедрат идните планети околу ѕвездата V883 Orionis. Водата носи хемиски потпис што го објаснува патот на водата од гасните облаци од кои се формира една ѕвезда до површината на планетите, и ја поддржува идејата дека водата на Земјата е постара и од нашето Сонце. Откритието им овозможува на астрономите да го следат потеклото на водата во нашиот Сончев систем до пред формирањето на Сонцето.
Објавено на 09.03.2023 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Новата ракета на Јапонската вселенска агенција JAXA имаше неуспешнo прво пробно лансирање. Имено, издавајќи команда за уништување откако активирањето на вториот степен беше неуспешно.
Објавено на 09.03.2023 - 10:30

Pages