Роботика
На необичен фудбалски натпревар во Кина, се натпреваруваа четири тима хуманоидни роботи. „Играчите“ на теренот во Пекинг беа контролирани од вештачка интелигенција.
Објавено на 15.07.2025 - 21:15

Информатика
Банкарска сметка на која дури и Елон Маск би му завидувал Светот станува само побогат. И иако постојат стравувања дека американскиот претседател Доналд Трамп е на пат да го преврти технолошкиот свет со своите царини, еден технолошки гигант штотуку ја заработи честа да биде првата компанија во светот вредна 4000 милијарди американски долари.
Објавено на 15.07.2025 - 21:00

Астрономија и астронаутика
Ако се надевате на моќен звук што и прилега на една огромна космичка експлозија, – се лажете! Наместо тоа, она што научниците го предлагаат е звук со ниски тонови, морничаво и сенишно зуење. До оваа “звучна слика” научниците дошле врз основа на податоците од најстарата светлина во универзумот, космичката микробранова позадина (CMB).
Објавено на 14.07.2025 - 21:45

Метеорологија
Убав и звучен наслов од кој денес нема ништо. Во сите овие години, а тоа се 78 години метеорологија во државава, вие ќе изнајдете неколку труда и мислам, само еден универзитетски учебник. Толку имаме направено.
Објавено на 11.07.2025 - 14:15

Енергетика
Денес на глобално ниво постојат неколку кризи. На прво место е геополитичката криза во чии рамки припаѓаат и воените жаришта: во Украина (Русија), Палестина (Израел; Иран), Сирија, во неокои земји во Африка, а има и други потенцијални места. Голема глобална криза претставува и проблемот со климатските промени кои предизвикуваат временски катастрофи со големи последици. Следна по ред е енергетската криза која порано беше повремена, а сега е речиси постојана. Во основа овие кризи произлегуваат од денешниот политички и економски поредок во светот (капитализам) каде што на прво место по важност е профитот.
Објавено на 11.07.2025 - 13:45

Енергетика
Нуклеарната енергија често се посочува како можен одговор на глобалните енергетски и климатски предизвици, особено поради нејзината способност за континуирано генерирање на електрична енергија со минимални емисии на стакленички гасови. Сепак, од термодинамичка гледна точка, нејзината долгорочна одржливост е под знак прашалник.
Објавено на 10.07.2025 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Фотографијата подолу, направена од Меѓународната вселенска станица додека се наоѓала над Мексико, покажува редок црвен виленик, светлосен феномен во облик на медуза што се појавува при електромагнетни атмосферски празнења што се случуваат мошне високо над олујните облаци (кумулонимбуси). Мистеријата на нивното потекло сè уште се решава...
Објавено на 09.07.2025 - 14:15

Енергетика
Очекувано, жешките бранови пристигнаа и во Македонија, а за деновите на викендот се очекуваат температури до 42 ºС. Но, заради густата изграденост во Скопје со бетон и асфалт, се создава ефект на топлински остров, така што во поедини делови во градот температурата ќе биде околу 45 ºС. Нормално е во вакви пеколни горештини да се користат клима уреди. Но, деновиве гледам на телевизија реклами за ефтини апарати за ладење со вода...
Објавено на 07.07.2025 - 14:00

Архитектура и градежништво
Материјалот е направен од гел исполнет со сино-зелени алги (односно цијанобактерии) кои користат сончева светлина, вода и јаглерод диоксид за да растат, слично како што тоа го прават растенијата. Но, овој материјал прави повеќе од просто растење.
Објавено на 06.07.2025 - 21:30

Фототехника
На 27 јуни во петок, во 19 часот, публиката во Скопје ја очекува посебно уметничко доживување: свечено отворање на мултимедијалната изложба „РЕ-КРЕАЦИЈА НА ВИДОТ“: Да ги погледнеме фотографиите со други очи во изложбениот простор на Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени фотографиите на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, кои беа создадени во текот на повеќемесечно работење, учење и заедничко истражување на фотографијата и современиот поглед на свет.
Објавено на 26.06.2025 - 14:15

Pages