Со одржувањето на големото финале во просториите на ФЕИТ во саботата, на 17 мај, се спуштија завесите на овогодинешниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција – Робомак 2025.
Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја освоија главната награда за најдобар проект на 29-тото издание на ICAMES (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students) – меѓународна културна и академска средба на студенти по технички науки, организирана од Друштвото на инженери при Универзитетот Боазиџи во Истанбул, Турција, во периодот од 5 до 11 мај 2025.
Дали носталгијата може да произведе комерцијален ефект? Одговорот е негативен. Како доказ го приложувам Фолксвагенот Битл или новата Буба која не направи некој позначаен комерцијален успех. Тука е и Мини Морисот кој исто така не се прослави. Интересен е Спачекот од Ситроен кој сè уште е во фаза на студија и никако (веќе 20 години) да излезе од цртачките табли на дизајнерските студија на Ситроен. Дигресија: Ситроен е изгорен од комерцијално непромислени модели на автомобили и преголеми непресметани комерцијални ризици и затоа се најде во прегратките на Пежо и сега е многу мирен, промислен и податлив за соработка... Но, овие судбини не допираат до ушите на проф. д-р Александар Бјелиќ (инженер во додипломсите студии и економист во докторските студии и професионално длабоко инволвиран во германската автомобилска индустрија) и како балканец во кого крвта врие се зафати да го обнови згаснатиот бренд YUGO.
Во предвечерието пред воведувањето на јаглеродните царини за индустријата (од 2026 година) и јаглеродните пенали за државата (од 2030 година), имајќи во предвид дека првиот јаглен од рудникот „Живојно“ би бил ископан дури во 2029 година, веќе е задоцнето и депласирано да се зборува за отворање на овој рудник и враќање на највалканиот енергенс – јагленот, што само непотребно би ја одложил Зелената транзиција кон обновливи извори на енергија.
Во периодот од 12 мај до 14 мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2025. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.
Инженерската институција на Македонија вчера во Скопје го организираше првиот Ден на македонските инженери, прослава посветена на 105-годишнината од формирањето на првото македонско здружение на инженери на 21 март 1920 година. Од годинава 21 март се одбележува како официјален празник на македонските инженери, со што се оддава признание на нивниот придонес во градењето на модерно и иновативно општество. Прославата беше одложена и одржана на 14 мај, поради трагичниот настан во Кочани.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии почна 13 издание на RoboMac и 5 издание на RoboMac Junior. Деканот на ФЕИТ, професор Владимир Атанасовски, на денешното отворање на RoboMac изјави дека RoboMac 2025 веќе не е само студентски натпревар, туку RoboMac прерасна во симбол.
Во првиот дел од оваа серија, објавен на 9 март оваа година, опишани се првите 16 случаи кои се ослободиле од рак по неколкумесечен третман со протоколот предложен од д-р Вилијам Макис. Оттогаш поминаа 2 месеца, а д-р Макис во меѓувреме објави на својот X профил уште 10 тешки случаи на рак кои достигнале состојба „без докази за болест“.